Во хотелот е достапен и ски гардеробер и бесплатен трансфер со автобус до ски зона во Банско и Добриниште.
Во регионот има услови за најразлични занимации меѓу кои ски спортови и туризам на пешачење.
Велинград се наоѓа на 42км од хотелот.
Во ресторанот се сервираат јадења со еколошки производи од регионот а во барот се служат пијалоци.
На предходно барање се приготвуваат специјални диетални мениа и пакуван ручек за надвор.
Сите соби располагаат со клима и се опремени со телевизор, фрижидер и електричен бокал.
Апартманите имаат балкон или тераса. Вилите вклучуваат панорамска тераса со поглед кон планината како и камин и шкаф за сместување за ски обувки.
Исто така достапен е и бесплатен паркинг до искористување на местата.
СПА центарот располага со базен на затворено, сауна, парна бања, топла клупа и фитнес центар.
На панорамската тераса има 2 хидромасажни кади на отворено со лежалки и чадори.
Исто така гостите може да уживаат на прекрасни јапонски техники на масажи, ритуали и терапии.
Хотелот располага и со аниматори за деца, детско игралиште и детски клуб.
Исто така на располагање има детски кади и столчиња за хранење.
Русковец е модерен хотелски комплекс во Добриниште, само на 6км од Банско.Хотелот е убаво расположен на јужна страна на Пирин планина и располага со пријатни парк зони, прекрасна архитектура и СПА центар со термална вода од сопствен извор. На цела територија на хотелот има бесплатен интернет.