Jungle Aqua Park by Neverland Египет Хургада
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Jungle Aqua Park by Neverland Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Краток опис
Хотелот е отворен во 2009 година и е работи во тек на целата година. Во неговиот состав се наоѓа најголемиот аква парк во Хургада, а покрај тоа нуди и разни видови на спортски и социјални активности. Jungle Aqua Park е погоден за деца, семеен одмор, како и активен одмор. Ова е најголемиот хотел по површина во ланецот хотели Албатрос.

За деца има аква парк, детски клуб (4-12 години), игралиште, четири детски базени и 15 делови за деца во базените за возрасни, видео игри, бебешко креветче на барање.
Плажа
Хотелот е оддалечен 900м од плажата и ја користи плажата на Dana Beach Resort. Постои бесплатен шатл-бус што вози до плажа и назад. Лежалки и чадори за сонце се достапни на плажа и базен и се бесплатни, како и крпите за на плажа. Крпите се добиваат со картичката.
Facilities
Услуга за перење и пеглање, лекар, аптека, фризер, конференциска сала, продавници.
Локација
Сместен е во јужниот дел на Хургада, на околу 20 км од центарот и на околу 15 км од аеродромот.
Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е all inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења, според правилата на хотелот). Во прилог на главниот ресторан (кој ги опслужува сите главни оброци на принцип на самопослужување - избор на повеќе јадења), хотелот има и неколку a la carte ресторани: Tagine(ориентална кујна), Zum Kaiser (германски ресторан) и Le Marche (интернационална кујна ), а каде гостите можат да користат ручек или вечера неколку пати за време на нивниот престој без дополнителна наплата и со претходна резервација. Хотелот има и снек бар покрај базен, на плажа и во оквир на аква паркот, како и неколку барови.

Се плаќа: увезени пијалоци, a’ la carte ресторани, сите пијалоци по полноќ, наргиле и друго вон концептот.
Спорт и рекреација
Хотелот располага со 21 базен (18 за возрасни, од кои 15 се со дел за деца и 4 посебни базени за деца), џакузи со 6 посебни делови, еден детски базен со 14 тобогани. За време на зимската сезона, аква паркот, еден за деца и еден базен за возрасни, се загреваат (што е променливо во зависност од временските услови и исполнетоста на хотелските капацитети).

Аква парк:

Аква паркот зафаќа 25.000 м2, што го прави најголем аква парк во Хургада, и се состои од: 11 базени, од кои едниот е базен со бранови и 10 базени со 21 тобоган.

Хотелот нуди и други активности како што се: ватерполо, гимнастика во вода, аеробик и гимнастика, пикадо, куглање. Исто така има и едно одбојкарско игралиште, едно фудбалско игралиште, мини голф.

Се плаќа: водени спортови и нуркање, тениски игралишта (опрема и осветлување), билијард и друго вон концептот.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Програма


Сместување
Хотелот има 866 соби од типот бунгалов. Сите соби се за непушачи. Секоја соба има мини бар (се надополнува секој ден со флаширана вода), сателитска ТВ, клима уред, кетлер, сеф, фен, тераса или балкон. Детско креветче е достапно на барање и е бесплатно.

Стандардните, како и фамилијарните бунгалов соби можат да имаат поглед кон базенот или градината.

Стандардните соби имаат една соба, одвоени се делот за возрасни и деца со завеса, а површината е околу 46м2.

Фамилијарните соби исто така имаат една просторија, но посебните делови за возрасни и деца се одделени со лизгачки врати, собите имаат кревети на спрат, површината е околу 46м2.

Се плаќа: телефон, услуга во соба.
Band Text
General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Spa & wellness
Гостите во оквир на Спа центарот можат да ја користат теретаната бесплатно.

Се плаќа: џакузи, сауна, турска бања, парна бања, масажи и други третмани.

Jungle Aqua Park by Neverland Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.