Hilton Plaza Hurghada Египет Хургада
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Hilton Plaza Hurghada Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Краток опис
Хотелот беше целосно реновиран и отворен во 2019 година, и се состои од главна зграда со 6 ката и анекс зграда во која се наоѓаат премиум соби. Нуди 495 модерни сместувачки единици. Тој е еден од првите и најпознати хотели во Хургада. Поради својата квалитетна услуга, разновидна содржина и добра локација, се препорачува на гости од сите возрасти.
За децата има игралиште, анимации, детски клуб, базен со мал аква парк и детско мени.
Хилтон Хургада нуди непречен поглед на Црвеното Море од секоја соба, и располага со песочна плажа и спортови на вода. Тој нуди 9 ресторани и барови, вклучително и ресторан со морска храна со поглед на марината.
Плажа
Хотелот има своја песочна плажа, еден помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а другиот дел е прекрасна област за капење. Пешкири, лежалки и чадори за сонце се достапни за гостите на хотелот.
Facilities
Во склоп на хотелот има дискотека, песочна плажа, марина, базен со детска секција, затворен базен загреан во зима, healthy centar со сауни и фитнес клуб. Доктор, шатл-служба до центарот на градот, продавници, интернет кафе, услуги за перење и пеглање и многу друго вон концептот.
Забелешки

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Локација
Hilton Hurghada Plaza се наоѓа на 2 км од центарот на Хургада, 8км од стариот центар на градот, Сакала, на 12 км од меѓународниот аеродром Хургада, на приватна плажа.
Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според правилата на хотелот). Концептот исто така вклучува чај, кафе, колачи, закуски, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот има главен ресторан - Rostrata, 2 à la carte ресторани - Lophelia Seafood и Asian restoran  (бесплатно еднаш во период од  7 дена). Гостите имаат на понуда и неколку барови - Lobby Bar Coquina, Bluefin Pool Bar, Delphine Pool Bar, Poseidon Cafe и Sands Beach Bar. Во барот на плажа се служат домашни пива и вина, а ресторанот покрај базен служи à la carte јадења. Свежо печен леб и колачи може да се најдат во пекарницата La Baguette.
Се плаќа: наргиле, à la carte ресторани, Poseidon Cafe, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и сè друго надвор од концептот.

Хотелот го задржува правото да ги менува деталите за услугата (време, содржина).
Спорт и рекреација
Хотелот располага со 2 отворени базени за возрасни и еден базен за деца (со неколку тобогани прилагодени за помали деца). За време на зимската сезона, сите три базени се загреваат (во зависност од временските услови и другите услови, хотелиерите го задржуваат правото на промена). Гостите имаат на располагање тениски терени, одбојка, сквош, пинг-понг, фитнес центар, билјард, центар за нуркање и спортови на вода и разни видови анимација.
Се плаќа: спортови на вода, осветлување на тениски терени навечер и други активности надвор од концептот.
Програма

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

·  Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен лет.

·  7 ноќевања во избраниот хотел на услуга All inclusive или Ultra all inclusive во зависност од избраната опција од Вас

·  Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж

·  Аеродромски и административни такси

·  Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада

·  Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

·  Организација на патувањето.

 

Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

·         Влезна виза за Египет - за лица со Македонски пасош визата се добива при пристигнување во Египет и истата чини 25 долари.

·         Меѓународно патничко здравствено осигурување

·         Хотелски услуги после одјавување на собите.

·         Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

·         Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

ЗАБЕЛЕШКИ:

·         Сите хотели се на барање.

·         Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

·         За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

·      Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.

·         Објавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 

·         За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.

·         Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 

·         Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

·         Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

·         После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.

·         Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.

·         Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 

·         точно име и презиме на патниците (како според документ)

·         датум на раѓање

·         број на пасош и датум на валидност. 

·         Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

·         Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 

Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 

 

Сместување
Хотелот има 495 сместувачки единици. Елегантно уредените соби имаат балкони со поглед на море, се модерно уредени и опремени, секоја соба има клима уред, SAT LCD TV, сеф, мини бар, кетлер и сет за кафе, бања опремена со када и туш, фен, Wi-Fi интернет.

Се плаќа: телефон, мини бар, појадок во собата.

Band Text
General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Spa & wellness
Во рамките на хотелот има голем СПА центар. Гостите можат да ја користат теретаната бесплатно.

Се плаќа: сауна, парна бања, масажи и сите други третмани.
Пансион
All Inclusive според правилата на хотелот, на база шведска маса.
За хотелот:

Hilton Plaza Hurghada Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.