- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Сараево и Мостар - 8 Декември
- Општи информации
- Галерија
САРАЕВО & МОСТАР
Босна и Херцеговина – историја, култура и прекрасни градови
Босна и Херцеговина е земја во Југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров, со богато природно и културно наследство.
Сараево е главниот и најголемиот град, познат по уникатната мешавина на различни култури, религии, архитектонски стилови и историски периоди.
Босна и Херцеговина е позната по својата природна околина, традиционална кујна, музика, архитектура и бројни културни и историски знаменитости.
Ова патување нуди можност да ги доживеете Сараево, Мостар, Коњиц, Јабланица, Врело Буна, Вишеград и Андриќград, со дополнителни можности за посета на уште многу интересни локации.
План и програма
Поаѓања се организираат од повеќе градови во Македонија.
Поаѓањето од Скопје е предвидено околу 22:30 часот.
Патниците добиваат информација за точното време на поаѓање еден ден пред патувањето.
Следува ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ноќно возење.
Пристигнување во Сараево.
Разглед на Сараево
Следува организиран разглед на градот со локален водич.
Разгледот започнува од Vijećnica и продолжува кон местото каде бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип.
Во рамките на разгледот се предвидени:
- Vijećnica
- местото на атентатот врз Франц Фердинанд
- Хотел Европа
- австро-унгарскиот дел на градот
- Плоштад Маршал Тито
- местото каде е формирана групата INDEXI
- Бегова џамија
- Башчаршија
По разгледот следува слободно време за ручек и индивидуални прошетки.
Во договорено време упатување кон хотелот.
Ноќно Сараево
Состанок на групата во 19:00 часот пред хотелот.
Поаѓање кон Илиџа заедно со локален водич.
Следува панорамски вечерен разглед со автобус, со можност за фотографирање на осветленото Сараево.
Турата продолжува кон Avaz Twist Tower, една од највисоките згради во Сараево.
Можност за искачување на околу 142 метри височина, односно 39-ти кат, каде се наоѓа кафетерија и панорамски поглед од 360°.
По завршувањето враќање во хотел.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
Во утринските часови започнува можност за целодневна факултативна екскурзија.
Титов Бункер – Коњиц
Првата локација предвидена за посета е Титовиот Бункер во Коњиц.
Јабланица
Продолжуваме кон Јабланица, место поврзано со Битката на Неретва од 1943 година, позната и како „Битка за ранетите“.
Овде е снимен и познатиот филм „Битка за Неретва“ од 1969 година.
Врело Буна
Следува посета на Врело Буна, еден од најпознатите природни локалитети во Босна и Херцеговина.
Слободно време за прошетка и индивидуални активности.
Мостар
Во договорено време поаѓање кон Мостар.
Разгледот на градот е со локален водич.
Мостар нуди многу повеќе од познатиот мост – живописни продавници, сувенирници, бакарни предмети и традиционални производи.
Особено позната е улицата Кујунџилук, калдрмисана улица со многубројни продавници и локални сувенири.
Во градот се наоѓа и кварт со шарени фасади, познат како „Мостарски Балат“.
Разгледот завршува кај познатиот Стари мост, симболот на Мостар.
Следуваат околу 3 часа слободно време.
Во договорено време враќање во Сараево.
Можност за посета на некој паб во австро-унгарскиот дел, доколку има интерес од групата.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
Босански пирамиди
По појадокот можност за посета на локалитетот Босански пирамиди во близина на Високо.
Локалитетот е поврзан со истражувањата на д-р Семир Османагиќ и ги вклучува т.н. Пирамида на Сонцето, Пирамида на Месечината и Пирамида на Босанскиот Змеј.
Во рамките на локалитетот се посетуваат и подземните тунели и простории кои се дел од туристичката презентација на комплексот.
Вишеград
Продолжуваме кон Вишеград, живописен град на реката Дрина.
Патниците имаат можност за факултативно крстарење по Дрина и запознавање со природните и историските убавини на градот.
Групата го посетува познатиот мост изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, кој се наоѓа под заштита на UNESCO и е опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.
Андриќград
Следува посета на Андриќград, познат и како Камен град.
Културниот комплекс е изграден по иницијатива на Емир Кустурица и е отворен за посетители во 2012 година.
Слободно време за прошетка.
Патниците кои нема да ја посетат факултативата до Босанските пирамиди имаат слободно време во хотел, по што се приклучуваат на групата за продолжување кон Вишеград.
Слободно време за ручек.
Во договорено време поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Во цената е вклучено
🚌 Превоз
- Автобуски превоз од Скопје и Куманово
- Патување на наведената релација
- Посета на Вишеград
- Посета на Андриќград
🏨 Сместување и организација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3★ во Сараево
- Разглед на Сараево со локален водич
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената не е вклучено
- Трансфер од/до Струмица, Гевгелија, Битола, Прилеп, Неготино, Велес и Штип – 10 € по лице / правец
- Крстарење по Дрина – 10 € по лице
- Босански пакет – 90 €
- Историски пакет – 80 €
- Ноќно Сараево – 15 €
- Туристичка такса – 2,50 € по лице за две ноќевања
- Патничко осигурување
Факултативни излети
НОЌНО САРАЕВО
Вечерна посета на Сараево, Илиџа, панорамски разглед и можност за посета на Avaz Twist Tower.
Задолжителна уплата во агенција.
БОСАНСКИ ПАКЕТ
Пакетот вклучува:
- Титов Бункер
- Јабланица
- Врело Буна
- Мостар
- Босански пирамиди
ИСТОРИСКИ ПАКЕТ
Пакетот вклучува:
- Титов Бункер
- Јабланица
- Врело Буна
- Мостар
КРСТАРЕЊЕ ПО ДРИНА
Можност за крстарење по реката Дрина во Вишеград и уживање во природните убавини на регионот.
НОЌНО САРАЕВО – 15 € Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА И СЕ УПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА.
Деца
- За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од цената на аранжманот кога патуваат со двајца возрасни.
- Кога патува еден возрасен со дете од 3 до неполни 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната цена.
- За деца со наполнети 12 години се плаќа целосната цена на аранжманот.
Седишта во автобус
Распоредот на седиштата се определува според редоследот на извршените уплати.
Доколку патникот има барање за конкретно седиште, доплатата изнесува 15 € за патувањето Скопје – Сараево – Скопје.
Доплатата за конкретно седиште не важи за превозот за време на екскурзиите.
Патни документи
Според програмата, патувањето може да се реализира со валидна лична карта или пасош.
Општи напомени
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 35 пријавени патници.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, крајниот рок за известување за евентуален отказ е најдоцна 5 дена пред поаѓање.
- Во случај да нема доволен број патници од наведените градови за посебен превоз, се организира трансфер до Скопје.
- Организаторот го задржува правото за измена на редоследот на поединечните содржини во програмата.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема пречки за негова реализација, а патникот го откаже своето патување, отказот се реализира согласно Општите услови за патување.
Општи напомени за автобускиот превоз
- Патувањето се реализира преку Република Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
- Точното време и место на поаѓање се доставуваат со дополнително известување пред патувањето.
- Предвиденото време на поаѓање, враќање и пристигнување е информативно и не може однапред прецизно да се гарантира.
- Времетраењето на патувањето зависи од состојбата во сообраќајот, задржувањето на граничните премини, царинските формалности, временските услови и други непредвидливи објективни околности.
- Евентуалните доцнења предизвикани од сообраќајни услови, задржување на граница, царински контроли или други околности врз кои организаторот нема директно влијание, не може однапред прецизно да се предвидат.
- Попатните паузи се определуваат согласно динамиката на патувањето, условите на патот и прописите за работното време на возачите.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата и факултативните излети доколку тоа го налагаат сообраќајните, временските, безбедносните или други објективни околности.
- Во случај на затворен локалитет, ограничување на движење или други непредвидени околности, организаторот може соодветно да ја измени програмата или редоследот на посетите.




