02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Рим

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

РИМ

Вечниот град • Ватикан • Тиволи
16.01.2027 – 19.01.2027
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 369 €
по лице 
РЕДОВНА ЦЕНА 469 €
по лице
✈️ ПРЕВОЗ Директен лет со Wizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★ или 4★ во централно подрачје
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🧳 БАГАЖ Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm

Рим – Вечниот град

Рим е главниот град на Италија, град кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во современото секојдневие.

„Вечниот град“ и „градот на седум ридови“ се само дел од епитетите кои Рим ги носи повеќе од три илјади години. Со векови бил центар на едно од најмоќните царства во историјата, а денес е и духовен центар на католичкиот свет и дом на државата Ватикан.

Рим е вистински музеј на отворено, но истовремено и модерен град исполнет со мода, уметност, архитектура, гастрономија и неповторлива италијанска атмосфера.

Програма на патувањето

ДЕН 1
16.01.2027 | САБОТА
СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот.

Полетување за Рим во 15:55 часот.

Пристигнување во Рим во 17:40 часот.

По завршување на пасошките и царинските формалности следува организиран трансфер до хотелот.

Сместување во хотел.

Ноќевање.

ДЕН 2
17.01.2027 | НЕДЕЛА
ТИВОЛИ – РИМ – КОЛОСЕУМ

Појадок во хотел.

По појадокот, можност за полудневен факултативен излет до Тиволи.

Villa D'Este

Посета на комплексот Villa D'Este, кој со својата палата и прекрасните градини се вбројува меѓу највпечатливите примери на италијанската ренесансна архитектура.

По посетата враќање во Рим.

Сан Клементе

Посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.

Колосеум

Следува посета однадвор на една од најголемите знаменитости и симболи на Рим – Колосеумот, лоциран во близина на дворецот на Нерон „Domus Aurea“.

Колосеумот бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја и денес претставува еден од најпознатите историски споменици во светот.

Слободно време. Враќање во хотел.

Ноќевање.

ДЕН 3
18.01.2027 | ПОНЕДЕЛНИК
РИМ – ВАТИКАН – ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД

Појадок во хотел.

По појадокот е предвидена факултативна посета на Ватикан со превоз со метро и организиран разглед.

Ватикански музеи

Посета на Ватиканските музеи, каде ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: антички статуи, таписерии, географски карти од XVI век, салата со канделабри и собите украсени од Рафаело.

Систинска капела

Посебно место зазема Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и Микеланџело.

Микеланџело го насликал познатиот таван со сцени од Стариот завет, а подоцна и монументалниот Страшен суд над олтарот.

Св. Петар

Посетата на Ватикан завршува на прекрасниот плоштад Св. Петар, уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок.

Разглед на Рим

По кратка пауза следува организиран панорамски разглед на градот со локален водич, пеш и со метро.

Во текот на разгледот ќе ги посетиме:

  • Пиаца Навона
  • Пантеон
  • Фонтана ди Треви
  • Шпанските скали
  • Виа Кондоти
  • Виа дел Корсо
  • Пиаца Пополо

Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел.

Ноќевање.

ДЕН 4
19.01.2027 | ВТОРНИК
РИМ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел.

Одјавување од хотелот.

Слободно време за индивидуални активности – прошетки, кафе, шопинг и последно уживање во атмосферата на Рим.

Во договорено време организиран трансфер до аеродромот.

Полетување кон Скопје во 18:20 часот со директен лет.

Пристигнување во Скопје во 20:05 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Директен авионски билет Скопје – Рим – Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Мала кабинска торба со димензии 40 × 30 × 20 cm

🏨 Сместување и програма

  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3★ или 4★ во централно подрачје
  • 3 ноќевања со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Доплата за чекиран багаж до 20 kg
  • Доплата за еднокреветна соба – 105 €
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице / ден, се плаќа директно во хотел
  • Билети за јавен превоз со метро
  • Патничко осигурување
  • Дополнителни екскурзии

Дополнителни екскурзии

РАЗГЛЕД НА РИМ

25 €

Организиран разглед на Рим со локален водич.

ВАТИКАН & СИСТИНСКА КАПЕЛА

70 €

Во цената се вклучени:

  • локален водич
  • влезница
  • организирана посета

ТИВОЛИ – VILLA D'ESTE

70 €

Во цената се вклучени:

  • организирана посета
  • локален водич
  • влезница за Villa D'Este
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МИНИМУМ ЕДНА ЕКСКУРЗИЈА

Поради закажување на термини и навремено купување на влезници, факултативните екскурзии мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на аранжманот .

Важно за дополнителните екскурзии

Поради потребата од навремено закажување на термини и купување на влезници, клиентите мора да се изјаснат за екскурзиите при резервацијата на патувањето .

Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место .

За реализација на факултативните екскурзии се потребни минимум 16 лица .

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС.
  • Резервација се прави со уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Целосната уплата на аранжманот се врши 15 дена пред почетокот на истиот .
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 25 пријавени патници.
  • За ова патување мора да имате пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот .
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување .
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на дополнителните екскурзии во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на разгледите не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку не е наведено во програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
РИМ

16.01.2027 – 19.01.2027
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ПРОМОТИВНА ЦЕНА 369 €


Редовна цена: 469 €

За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС.
Фото Галерија