02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Прага Велигден

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

ПРАГА – 1 МАЈ 2027

Пролетно патување во срцето на Чешка
30.04.2027 – 03.05.2027
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 399 €
по лице
РЕДОВНА ЦЕНА 469 €
по лице
✈️ ПРЕВОЗ Авионски превоз
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🧳 БАГАЖ Мала торба до 8 kg

Програма на патувањето

ДЕН 1
30.04.2027 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје.

Полетување за Прага во 13:25 часот.

Слетување во Прага во 15:40 часот.

По царинските формалности следува организиран трансфер до хотелот.

Сместување и слободно попладне за индивидуални активности.

Ноќевање.

ДЕН 2
01.05.2027 | САБОТА
ПРАГА

Појадок во хотел.

По појадокот следува организиран разглед на Прага со локален водич.

Разглед на Прага

Во рамките на разгледот се предвидени:

  • Карловиот мост
  • Плоштадот на Малтешките витези
  • Споменикот на Карло IV
  • Кралскиот пат
  • Еврејскиот кварт
  • Париската улица
  • Старомајскиот плоштад
  • Астрономскиот часовник – Орлој
  • Црквата Лорето
  • Градската куќа
  • Прашната кула
  • Националниот музеј
  • Дворецот Храдчани
  • Катедралата Св. Вито
  • Златната улица

Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности.

Во вечерните часови постои можност за факултативно ноќно крстарење по Влтава.

Ноќевање.

ДЕН 3
02.05.2027 | НЕДЕЛА
ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок.

По појадокот следува можност за посета на Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка и традиционално омилено место на европската аристократија.

Карлови Вари

Ќе имате можност да ги видите познатите топли извори и да се запознаете со традицијата поврзана со минералните води на градот.

Следува слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност за купување сувенири и локални производи.

Во договорено време враќање назад кон Прага.

Слободно време.

Ноќевање.

ДЕН 4
03.05.2027 | ПОНЕДЕЛНИК
ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел.

По појадокот следува слободно време во Прага за индивидуални прошетки и активности.

Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.

Полетување кон Скопје во 20:30 часот.

Слетување во Скопје во 22:30 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Лет Скопје – Прага – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба до 8 kg – 40 × 30 × 20 cm
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром

🏨 Сместување и програма

  • Сместување во хотел 3★ на услуга BB
  • 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса – 4 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
  • Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 70 €
  • Крстарење по Влтава – 25 €
  • Патничко осигурување
  • Билети за јавен превоз

Факултативни излети

КАРЛОВИ ВАРИ

70 €

Посета на Карлови Вари со организиран трансфер.

КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

25 €

Факултативно крстарење по реката Влтава.

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ВО АГЕНЦИЈА

За реализација на факултативните излети се потребни минимум 16 пријавени патници.

Важно за факултативните излети

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервацијата на патувањето.

Реализацијата на факултативите зависи од бројот на пријавени патници.

За реализација се потребни минимум 16 лица.

Агенцијата не гарантира место во трансферот доколку клиентот се одлучи за екскурзија на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на предложените екскурзии.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС.
  • Резервација се прави со уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Целосната уплата на аранжманот се врши 15 дена пред почетокот на истиот.
  • Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • За ова патување е потребен пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на панорамскиот разглед на градот не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
ПРАГА – 1 МАЈ 2027

30.04.2027 – 03.05.2027
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ПРОМОТИВНА ЦЕНА 399 €
Редовна цена: 469 €

За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС.
Фото Галерија