- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Прага 8ми Март
- Општи информации
- Галерија
ПРАГА
Програма на патувањето
Состанок на групата на аеродромот во Скопје.
Полетување за Прага во 06:15 часот.
Слетување во Прага во 08:20 часот.
По царинските формалности следува организиран трансфер и разглед на градот со локален водич.
Разглед на Прага
Во рамките на разгледот се предвидени:
- Карловиот мост
- Плоштадот на Малтешките витези
- Споменикот на Карло IV
- Кралскиот пат
- Еврејскиот кварт
- Париската улица
- Старомајскиот плоштад
- Астрономскиот часовник – Орлој
- Црквата Лорето
- Градската куќа
- Прашната кула
- Националниот музеј
- Дворецот Храдчани
- Катедралата Св. Вито
- Златната улица
Следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување и слободно попладне.
Ноќевање.
Појадок.
Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден.
Дрезден
Дрезден е главен град на покраината Саксонија и град со богато историско и архитектонско наследство.
Сместен на брегот на реката Елба, Дрезден е познат по карактеристичниот саксонски стил и бројните монументални градби.
Стариот дел на градот е вистинска слика на неговото богато и славно минато.
Меѓу позначајните знаменитости се:
- Палатата Звингер
- музејските колекции
- Frauenkirche
- Кралската палата
- Зелениот трезор
- Палатата Taschenberg
- Августовиот мост
Дрезден често се споредува со „Фиренца на Елба“ поради својата архитектура, уметност и културно наследство.
Во договорено време враќање во хотелот во Прага.
Ноќевање.
Појадок.
По појадокот следува можност за посета на Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка и омилено место на европската аристократија.
Карлови Вари
Ќе имате можност да ги видите познатите топли извори и да се запознаете со традицијата поврзана со минералните води на градот.
Следува слободно време за прошетка, индивидуални активности и можност за купување сувенири и локални производи.
Во договорено време враќање кон Прага.
Слободно време.
Ноќевање.
Појадок и одјавување од хотелот.
Следува организиран трансфер на групата до аеродромот.
Полетување за Скопје во 13:10 часот.
Слетување во Скопје во 15:10 часот.
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Лет Скопје – Прага – Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба до 8 kg – 40 × 30 × 20 cm
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и програма
- Сместување во хотел 3★ на услуга BB
- 3 ноќевања со појадок
- Разглед на Прага со локален водич
- Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса – 4 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
- Доплата за еднокреветна соба - 80 €
- Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 70 €
- Целодневна посета на Дрезден – 80 €
- Крстарење по Влтава – 25 €
- Пакет факултативи – 210 €
- Патничко осигурување
- Билети за јавен превоз
Факултативни излети
КАРЛОВИ ВАРИ
Посета на Карлови Вари со организиран трансфер.
ДРЕЗДЕН
Целодневна факултативна посета на Дрезден.
КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА
Факултативно крстарење по реката Влтава.
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ
Пакет на факултативни посети според понудата.
За реализација на факултативните излети се потребни минимум 16 пријавени патници.
Важно за факултативните излети
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервацијата на патувањето.
Реализацијата на факултативите зависи од бројот на пријавени патници.
За реализација се потребни минимум 16 лица.
Агенцијата не гарантира место во трансферот доколку клиентот се одлучи за екскурзија на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на предложените екскурзии.
Општи напомени
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС.
- Резервација се прави со уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Целосната уплата на аранжманот се врши 15 дена пред почетокот на истиот.
- Цените на аранжманот се дадени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
- За ова патување е потребен пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
- За време на панорамскиот разглед на градот не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
05.03.2027 – 08.03.2027
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 369 €
Редовна цена: 449 €
За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС.





