- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Малта
- Општи информации
- Галерија
МАЛТА
Малта – остров со посебен медитерански шарм
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино, лоцирани во центарот на Медитеранот, со поволна клима, голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство.
Историското наследство на Малта сведочи за 7.000 години долга цивилизација и различни народи кои низ вековите оставиле свои траги.
Својата голема слава островот ја доживеал во времето на познатите витези од редот на Свети Јован.
Наследството на различните доминации кои владееле со островите може и денес да се види и почувствува. Токму оваа необична мешавина на култури, историски споменици и туристички атракции ѝ дава на Малта неповторлив шарм.
Програма на патувањето
Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот.
Полетување за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот.
Следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел и слободно попладне.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
Предлагаме факултативна посета на Валета и Мдина .
Мдина – Тивкиот град
Се упатуваме на полудневен факултативен излет во централна Малта и посета на стариот главен град на островот – Мдина, познат и како „Тивкиот град“.
За време на прошетката низ тесните и сликовити улички ќе дознаете интересни историски податоци за островот.
Од градските ѕидини се отвора прекрасен панорамски поглед кон целиот остров.
Моста
Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St. Marija Assunta, изградена во XIX век по примерот на римскиот Пантеон.
Црквата е позната и по неверојатен настан од Втората светска војна, кога била погодена со бомба тешка околу 200 kg која го пробила покривот, но не експлодирала.
Реплика од бомбата и денес се чува во црквата.
Валета
Во договорено време се упатуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич.
Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Јован.
Прошетката води кон Upper Barrakka Gardens , од каде се отвора прекрасен панорамски поглед кон Grand Harbour .
Слободно време за индивидуални активности низ прекрасната Валета.
Индивидуално враќање назад во хотел.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо – Calypso's Island , вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.
Victoria / Rabat
Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот и најнаселен град на островот – Victoria, во минатото познат како Rabat.
Цитаделата
Главна атракција е Цитаделата, која се наоѓа на возвишение од каде се отвора панорамски поглед на градот од 360°.
Првите остатоци од градот датираат уште од неолитот, додека првата тврдина започнале да ја градат Феничаните, а подоцна ја продолжиле Римјаните.
Денешниот изглед тврдината го добила околу XVII век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред.
Во минатото тврдината неколкупати била уништувана, па само мал дел од нејзината оригинална градба е зачуван.
На местото каде некогаш се наоѓале три цркви денес е подигната импресивна катедрала, а во близина се наоѓа и археолошки музеј.
Базилика Ta' Pinu
Ќе ја посетиме и базиликата Ta' Pinu, позната како „место на чудата“, со богата историја и големо духовно значење.
Во договорено време враќање во хотел.
Слободно време. Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот се упатуваме кон Marsaxlokk.
Marsaxlokk
Marsaxlokk, се изговара „Марса-шлок“, а неговото име значи „јужно пристаниште“.
Се наоѓа во југоисточниот дел на островот и претставува најголемо рибарско село на Малта.
Неговиот шарм се крие не само во прекрасната локална гастрономија, туку и во романтичната сценографија со голем број живописно обоени чамци кои се нишаат на благите морски бранови.
Blue Grotto
Препорачуваме и можност за тура со брод до познатите пештери Blue Grotto, една од природните атракции на Малта кои вреди да се посетат.
Слободно време за индивидуални активности.
Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување за Скопје во 15:35 часот.
Слетување во Скопје во 17:15 часот.
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта
🏨 Сместување и организација
- Сместување во хотел 3★ на Малта
- 3 ноќевања со појадок
- Доплата за еднокреветна соба 90 еур
- Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
- Професионална организација на аранжманот
Во цената не е вклучено
- Доплата за куфер од 20 kg – цената се утврдува 2–3 дена пред тргнување
- Туристичка такса – 2 € по лице / ден – се плаќа во агенција
- Валета и централна Малта – 55 €
- Островот Гозо – 60 €
- Marsaxlokk – 30 €
- Ручек за време на факултативните излети
- Влезници во објекти и локалитети
- Индивидуални трошоци
- Патничко-здравствено осигурување
Дополнителни екскурзии
ВАЛЕТА + ЦЕНТРАЛНА МАЛТА
Полудневен факултативен излет.
Во цената се вклучени:
- организиран трансфер
- локален водич
Во рамките на програмата се посетуваат Мдина, Моста и Валета.
ОСТРОВОТ ГОЗО
Целодневен факултативен излет.
Во цената се вклучени:
- организиран трансфер
- брод
- локален водич
Посета на Victoria, Цитаделата и базиликата Ta' Pinu.
MARSAXLOKK
Факултативниот излет вклучува:
- организиран трансфер
- придружник од агенцијата
Посета на најголемото рибарско село на Малта.
Оваа факултативна посета е задолжителна.
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ!
Важна напомена за факултативите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на факултативите зависи од:
- минимум 16 пријавени патници
- достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
Патни документи
За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Општи напомени
- Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
- Организаторот има право да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи промена на програмата и да ги изврши потребните измени доколку се променат условите за патување.
- Ова се однесува на околности како променет распоред на лет, принудно слетување, задржување на граница, застој во сообраќајот, затворање на предвидена локација, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други вонредни, објективни околности и виша сила, без обврска за надомест на штета на патникот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
- За време на панорамските разгледи не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
