02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Истанбул 11 Октомври 2 ноќи

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Забелешки

Важни информации

Дополнителни информации

09.10.2026 - 12.10.2026
3 дена/ 2 ноќевања

Кога ни доаѓа продолжен викенд, размислуваме каде да прошетаме а да не потрошиме многу пари .
Дестинација која се покажа како ексклузивна приказна на нашата агенција е магичниот Истанбул.

Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни.
Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него.

Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.

Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“.

Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе, алва во боја и секако турски локум,Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.

Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  – 119 €

 

Во цената на аранжманот e вклучено :

·        Две ноќевања и појадок во хотел со 3*;

·        Автобуски превоз;

·        Туристичка такса;

·        Лиценциран туристички придружник;

·        Посета на Капали Чаршија;

·        Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “;

·        Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “;

·        Превоз Скопје,Велес,Неготино,Гевгелија,Штип,Струмица,Прилеп и Битола; 

Во цената на аранжманот не е вклучено :

·        Индивидуални трошоци;

·        Факултативни излети;

·        Патничко осигурување;

·        Туристичка такса

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ 3
Сместувањето е во хотел 3 во областа Аксарај & Лалели.
Името на хотелот се дознава на 2 дена пред поаѓање.
Хотелите се наоѓаат на 15- 20 мин пешачење од Капали Чаршија.

ФАКУЛТАТИВИ  :

БАЛАТ И ОБЛАСТА ТАКСИМ ( ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА )

Цена за пакет: 25 € ПО ЛИЦЕ

  • Балат е едно од најшармантните и најживописните маала во Истанбул, сместено покрај Златниот Рог. Познато е по шарените историски куќи, тесните улички, малите кафулиња и богатото културно наследство. Во непосредна близина се наоѓа и познатата Железна црква „Св. Стефан“, изградена од лиено железо и значајна за бугарската православна заедница во Истанбул. За македонската историја, особено значајно е гробот на Партениј Зографски, македонски просветител, епископ и еден од важните дејци на македонското преродбеничко движење. Посетата на Балат овозможува да се почувствува спојот на историјата, културата и духовното наследство на Балканот во срцето на Истанбул.
  • Плоштад Таксим е едно од најпознатите и најфреквентните места во Истанбул, сместено во модерниот дел на градот. Плоштадот е симбол на градскиот живот и место каде што се среќаваат историјата, културата и современиот дух на Истанбул.
    Улица Истиклал е познатата пешачка улица што се протега од Таксим до населбата Бејоглу. Исполнета е со продавници, ресторани, кафулиња, историски згради и улични изведувачи, а низ неа поминува и препознатливиот црвен историски трамвај. Ова е едно од најживите места за прошетка и доживување на атмосферата на Истанбул.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР,БЕЈЛЕРБЕИ,ПАЛАТАТА ЌУЧУКСУ,КАДИЌОЈ,ЧАМЛИЧА ЏАМИЈА

Цена за пакет: 85 € ПО ЛИЦЕ

  • Крстарење по Бософр
    90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
  • Бејлербеи палата
    Бејлербеи палата е раскошна османлиска палата сместена на азискиот брег на Босфор, во населбата Бејлербеи. Изградена е во XIX век и служела како летна резиденција на османлиските султани и место за прием на странски државници. Палатата е позната по богатите ентериери, кристалните лустери, мермерните детали и прекрасната градина со поглед кон Босфор. Денес е музеј и претставува значајно сведоштво за раскошот и архитектурата на доцниот Османлиски период.
  • Палата Ќучуксу е елегантна османлиска палата сместена на азискиот брег на Босфор, во близина на местото каде што се спојуваат Босфорот и Црното Море. Изградена е во XIX век како летна резиденција на султаните и е позната по својата барокна архитектура, раскошните ентериери и прекрасната локација покрај водата. Иако е помала од големите султански палати, Ќучуксу остава силен впечаток со својата богата декорација и романтичната атмосфера.
  • Кадиќој е едно од најживите и најавтентични маала на азиската страна на Истанбул, познато по шарениот пазар, тесните улички, кафулињата, рестораните и уличната уметност. Сместен покрај Мраморното Море, Кадиќој нуди прекрасна атмосфера и убави погледи кон европскиот дел на градот. Особено популарна е улицата Бахарије, каде што сообраќа историскиот трамвај, како и областа Мода, омилена за прошетки покрај морето. Кадиќој е место каде што традиционалниот дух на Истанбул се меша со модерниот и уметничкиот живот.
  • Џамија Чамлиџа е една од највпечатливите и најголеми џамии во Истанбул, изградена на ридот Чамлиџа на азиската страна од градот. Отворена е во 2019 година и со своите шест минариња и големата купола доминира над панорамата на Истанбул. Од комплексот се пружа прекрасен поглед кон Босфорот, европскиот и азискиот дел на градот. Покрај верскиот објект, комплексот содржи музеј, библиотека и уметнички простории, а претставува еден од симболите на современиот Истанбул.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

ü  Задолжителна проверка на пасошот.

ü  Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

ü  Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

ü  За сингл соба се доплаќаат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

ü  СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.

ü  Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

ü  Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

ü  Резервации за одреден кат или страна не е можна.

ü  Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција.

ü  Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Фото Галерија