- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Истанбул - 8 Декември (3 ноќи )
- Општи информации
- Галерија
ИСТАНБУЛ
Истанбул – град на два континента
Истанбул е град на два континента, со повеќе од 20 милиони жители, исполнет со историја, уметност, гастрономија и безброј приказни.
Овој впечатлив град на уникатен начин ги спојува ориенталните и европските елементи и постојано ве поттикнува да го истражувате и откривате одново.
Истанбул отсекогаш бил, а и денес останува, еден од најзначајните центри на економијата, културата и трговијата.
Тука се среќаваат локалното население, трговци и туристи од сите делови на светот, создавајќи ја неповторливата атмосфера на градот.
Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, а други „Мостот помеѓу Европа и Азија“.
Препознатлив е и по богатата турска кујна – Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе, алва и турски локум.
Истанбул е место каде различните традиции, култури и вкусови се спојуваат во едно.
Програма на патувањето
Состанок на групата пред паркингот на Хотел Русија во Скопје околу 16:00 часот.
Следува ноќно патување кон Истанбул со попатни паузи, царински формалности, презентација на програмата и информации за начинот на реализација.
Туристичките придружници се обучени и искусни во спроведување на протоколот за безбедност за време на патувањето.
Агенцијата ги контактира патниците два дена пред поаѓањето со информација за точното време и место на поаѓање.
Седиштата во автобусот се нумерираат според датумот, односно хронологијата на извршените уплати.
Доколку патникот има посебно барање за конкретно седиште, истото се доплаќа во агенција.
Ноќно возење.
Пристигнување на групата во Истанбул.
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, кој се остава во просторија предвидена за чување багаж.
Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со рецепцијата на хотелот, каде според списокот на уплати во агенцијата се распределуваат клучевите од собите.
Капали Чаршија – Аја Софија – Сината џамија
По пристигнувањето групата заедно со туристичкиот придружник се упатува на пешачка тура до Капали Чаршија.
Придружникот ја носи групата до влезот на чаршијата, по што следува слободно време за индивидуален шопинг.
Враќањето кон хотелот е индивидуално, бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на околу 20 минути пеш од хотелот.
Предвидена е и посета на просторот околу Аја Софија и Сината џамија.
Влегувањето во објектите е индивидуално.
Палатата Јилдиз
Во договорено време со туристичкиот придружник започнува првата факултативна посета – Палатата Јилдиз.
Јилдиз е едно од најубавите историски места во Истанбул, опкружено со прекрасни градини и зеленило.
Во комплексот можат да се видат раскошни палати, павилјони и простории украсени со впечатлива османлиска архитектура.
Следува слободно време за прошетка, фотографирање и уживање во атмосферата на комплексот.
Ортаќој
По посетата на Јилдиз се упатуваме кон Ортаќој.
Денот го завршуваме на брегот на Босфор, со прошетка и можност за уживање во една од најубавите панорами на Истанбул.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот групата има слободно време.
Во договорено време се реализира задолжителната факултативна посета на Балат и Таксим.
Балат
Балат е една од познатите христијански населби во Истанбул, каде можат да се видат бројни цркви и историски градби.
Меѓу нив е и познатата Железна црква, поврзана со историјата на македонските мајстори и со Партениј Зографски.
По посетата следува околу час и половина слободно време за прошетка по уникатните шарени историски улички.
Таксим
Турата продолжува кон познатиот плоштад Таксим, еден од главните центри на градот.
Покрај Таксим поминува познатата улица Истиклал, по која се движи карактеристичниот историски трамвај.
Истиклал е позната по бројните кафулиња, ресторани, продавници и места за забава.
Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот започнуваме со целодневно уживање во Истанбул.
Крстарење по Босфор
Предвидено е 90-минутно крстарење по Босфор.
Можност да го видите Истанбул од поинаква перспектива – луксузни вили, историски знаменитости и препознатливи локации од турските серии.
На пристаништето има мали масички и места за седење каде може да се ужива крај морето.
Бејлербеи
Продолжуваме кон Бејлербеи, историска знаменитост на азиската страна на Истанбул.
Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот мост и претставува интересен спој на турски и западни архитектонски влијанија.
Палатата Ќучуксу
Палатата Ќучуксу е летна палата која ја користеле османлиските султани за кратки престои и за време на лов.
Сместена е во населбата Ќучуксу, во областа Бејкоз, на азискиот брег на Босфор.
Палатата е дизајнирана од Никогос Балјан и е завршена во 1857 година.
Павилјонот има два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории.
Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој
Следува посета на Кадиќој, еден од најпознатите и најживописни квартови на азиската страна на Истанбул.
Познат е по шарените улици, раздвижените пазари, кафулињата, продавниците и локалната гастрономија.
Можност за прошетка по улицата Bahriye и уживање во локални десерти, баклава или турско кафе.
Чамлиџа џамија
Денот го завршуваме со посета на Чамлиџа џамијата, една од најголемите и највпечатливите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.
Враќање кон хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
KOSKA
Следува посета на познатата продавница за традиционални слатки KOSKA.
Можност за купување локум, баклава, чоколадирани ф'стаци, лешници, бадеми и други традиционални турски производи.
Outlet 212
Од KOSKA се упатуваме на шопинг во Outlet 212.
Во трговскиот центар групата ќе има околу 2,5 до 3 часа слободно време за шопинг.
По завршувањето на слободното време следува поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија после полноќ.
Во цената е вклучено
🚌 Превоз
- Автобуски превоз
- Патување на релација Македонија – Истанбул – Македонија
- Организација на автобускиот превоз
🏨 Сместување и организација
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3★
- Туристичка такса
- Лиценциран туристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на KOSKA
- Посета на Outlet 212
- Организација на патувањето
Во цената не е вклучено
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
Факултативни посети
ПАЛАТАТА ЈИЛДИЗ + ОРТАЌОЈ
Посета на историскиот комплекс Јилдиз, со слободно време за прошетка низ палатата и нејзините градини.
По посетата се продолжува кон Ортаќој и брегот на Босфор.
БАЛАТ + ТАКСИМ
Посета на Балат со неговите препознатливи шарени улици, по што турата продолжува кон Таксим и улицата Истиклал.
БОСФОР И АЗИСКИОТ ДЕЛ НА ИСТАНБУЛ
Програмата опфаќа:
- 90-минутно крстарење по Босфор
- Бејлербеи
- Палатата Ќучуксу
- Кадиќој
- Чамлиџа џамија
Важно за патниците
- Задолжителна е проверка на пасошот и исполнување на условите за влез во Република Турција.
- Во доставената програма е наведено дека пасошот не треба да биде на шест месеци пред истекување во моментот на влез и излез од Турција и дека треба да биде од новите пасоши со ознака Р.С. Македонија.
- Постои можност за користење на вредносните ваучери од изминатата една година за откажани аранжмани.
- Цените се изразени во евра, а пресметката се врши по курс 1 € = 62 денари.
- Доплата за еднокреветна соба – 40 €.
- Секој патник има право на еден куфер и рачен багаж.
- Деца од 0 до 2,99 години патуваат бесплатно и спијат во кревет со родител.
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од цената на аранжманот доколку патуваат со двајца возрасни.
- Дете до 12 години кое патува со едно возрасно лице плаќа 100% од цената на аранжманот.
- Типот на собата го определува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост.
- Резервација за конкретен кат или страна на хотелот не е можна.
Седишта во автобус
Патниците се сместуваат во автобусот според хронологијата на извршените уплати.
Доколку имате барање за конкретно седиште, доплатата изнесува 15 € за двата правци.
Општи напомени за автобускиот превоз
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Република Турција.
- Точното време и место на поаѓање се доставуваат со дополнително известување пред патувањето.
- Предвиденото време на враќање, односно пристигнување во местото од кое започнало патувањето, е информативно и не може однапред прецизно да се гарантира.
- Времетраењето на автобускиот превоз зависи од состојбата во сообраќајот, задржувањата на граничните премини, царинските формалности, временските услови и други непредвидливи објективни околности.
- Евентуалните доцнења предизвикани од сообраќај, гранични премини, царински контроли, временски услови или други околности врз кои организаторот нема влијание, не претставуваат основ за промена на договорената програма.
- Попатните паузи се определуваат од туристичкиот придружник во координација со возачите, согласно динамиката на патувањето и прописите за работно време на возачите.
- Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на реализација на програмата и факултативните посети доколку тоа го налагаат сообраќајните, временските, безбедносните или други објективни околности.
- Во случај на забрана или ограничување на движење, затворање на определен локалитет, неповолни временски услови или друга непредвидена ситуација, организаторот може да ја измени, замени или откаже одредена факултативна посета.
- Организаторот не може да влијае врз времетраењето на граничните и царинските формалности, сообраќајните застои и други околности кои се надвор од негова контрола.
Начин на плаќање
Цена на аранжман
139 € по лице во денарска противвредност.
Курс
За пресметка: 1 € = 62 денари.







