Погледни ги сите слики
Истанбул Нова Година 2 ноќи
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
- Општи информации
- Галерија
Програма
Дополнителни информации
Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност,
храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и
европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го
истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш
бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и
трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите
различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина
го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу
Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни
рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва
во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се
спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот
беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС
Фото Галерија