- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Божиќен Маркет ТЕМИШВАР - Арад и Орадеа
- Општи информации
- Галерија
БОЖИЌЕН МАРКЕТ – ТЕМИШВАР
до 27.11.2026 130 €
Темишвар • Арад • Орадеа
Темишвар
Темишвар, во западна Романија, беше прогласен за Европски град на културата во 2023 година.
Градот е познат и како „Мала Виена“ поради долгото влијание на Хабзбуршката монархија и впечатливата архитектура.
Во центарот се наоѓаат Плоштадот на Победата, Плоштадот Слобода и Плоштадот на Обединувањето.
Арад
Арад е сместен на бреговите на реката Муреш и е град со богато историско и архитектонско наследство.
Широкиот Булевар на револуцијата е опкружен со бројни монументални градби, палати и цркви.
Орадеа
Орадеа се наоѓа на двата брега на реката Кришул Репеде.
Градот е препознатлив по својата барокна и сецесионистичка архитектура, Пјаца Унири, Палатата на Црниот орел и тврдината Орадеа.
Програма на патувањето
Поаѓање во вечерните часови од Дојран, Валандово, Неготино, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово .
Патување преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.
Пристигнување во Темишвар.
Следува организиран разглед со локален водич.
Плоштад на Победата
Посета на Плоштадот на Победата, каде се наоѓаат Операта и Националниот театар, Соборната Романска црква на Банатската митрополија и споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем.
Плоштад Слобода
Разгледот продолжува кон Плоштадот Слобода, каде се наоѓа Старата градска куќа изградена во 1734 година во барок стил, како и статуата на Дева Марија.
Плоштад на Единството
Следува разглед на Плоштадот на Единството, Римокатоличката катедрална црква, Барокната палата и Српската православна соборна црква.
По завршување на разгледот и индивидуалните активности, поаѓање кон хотелот и сместување.
Во вечерните часови посета на Божиќниот маркет во Темишвар и уживање во празничната атмосфера.
Ноќевање.
Појадок.
Факултативна посета на градовите Арад и Орадеа или индивидуално слободно време во Темишвар.
Арад
Пристигнување во Арад, град во западниот дел на Романија, во регионот Кришана.
Следува разглед со локален водич.
Арад е град богат со архитектонско наследство, со значајни градби дизајнирани од архитектот Емил Табаковиќ.
Ќе ги видиме Малцинската црква, Палатата Арад, Палатата Најман, Трговското училиште, Народната банка, Палатата Фелдес, Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот државен театар.
Орадеа
Патувањето продолжува кон Орадеа.
Разглед на градот со водич: Римокатоличката црква Св. Ладислав, грко-католичката катедрала Св. Никола и православната црква Успение на Богородица.
На плоштадот се наоѓа и грандиозната Палата на Црниот орел, а во близина Градското собрание со кула висока 50 метри.
Прошетка по главната пешачка улица, каде се наоѓаат Палатата Стерн, Палатата Аполо, Палатата Московиц Микса и Палатата на правдата.
Слободно време за прошетка, индивидуални активности и уживање во Божиќниот маркет во Орадеа.
Во вечерните часови враќање во Темишвар.
Ноќевање.
Појадок.
Одјавување од хотелот.
Можност за посета на трговски центар или факултативна посета на Amazonia Aquapark.
Amazonia Aquapark
Во комплексот ве очекуваат 7 тобогани со висина до 25 метри и вкупна должина од 310 метри.
На располагање се „Splash Zone“, водени атракции и содржини погодни за различни возрасти.
Базен за релаксација
Базенот за релаксација има површина од околу 500 m², со должина од 25,4 метри, ширина од 13 метри и максимална длабочина од 140 cm.
Во пладневните часови заминување за Македонија.
Пристигнување во Македонија во раните утрински односно ноќни часови.
Во цената е вклучено
🚌 Превоз
- Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
- Организација и реализација на патувањето
🏨 Сместување и програма
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3★ во Темишвар
- Пешачки разглед со локален водич на Темишвар
- Професионален туристички придружник
Во цената не е вклучено
- Целодневен излет до Арад и Орадеа – 50 € (минимум 30 патници)
- Превоз до Amazonia Aquapark и билет за 4 часа престој – 40 €
- Трансфер од Битола, Прилеп и Штип – 10 € во правец по лице во договор со агенцијата
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 ден.
- Туристичка такса – 5 €, се плаќа во агенција
Факултативни посети
АРАД & ОРАДЕА
Целодневен излет до Арад и Орадеа.
- посета на Арад
- разглед со водич
- посета на Орадеа
- Божиќен маркет во Орадеа
Минимум 30 патници.
AMAZONIA AQUAPARK
Во цената се вклучени:
- превоз
- билет за Aquapark
- 4 часа престој
Доплата за избор на седиште во двата правци: 15 €
Доплата за дополнително седиште: 100 €
Важни напомени
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците.
- Поради државни или верски празници на одредени дестинации, можно е одредени локалитети, трговски центри, продавници, ресторани или музеи да не работат.
- Во таков случај можна е промена на редоследот на програмата.
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата.
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот.
- Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс 1 € = 62 денари.
Темишвар • Арад • Орадеа
04.12.2026 – 08.12.2026
5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА
BLACK FRIDAY 130 €
8.060 денари
Промо цена: 149 € / 9.240 денари
Редовна цена: 189 € / 11.720 денари
За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. АтлантиС и СКТМ.












