✈️ ПРЕВОЗ
Директен лет Скопје – Барселона – Скопје
🏨 СМЕСТУВАЊЕ
Hotel Best Auto Hogar 3★
🍳 УСЛУГА
4 ноќевања со појадок
🧳 БАГАЖ
Рачен багаж до 8 kg
Барселона – каталонската кралица
Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во светот.
Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно.
Уживајте во прошетката низ главната градска улица
Ла Рамбла,
застанете покрај живописните човечки статуи
и уличните сликари или прошетајте низ
Готскиот кварт.
Откријте ја уметноста на
Антони Гауди
преку величествената
Саграда Фамилија
и уникатниот
Парк Гуел.
Програма на патувањето
ДЕН
1
29.12.2026 | ВТОРНИК
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром.
Полетување за Барселона во
12:20 часот.
Пристигнување во Барселона во
15:15 часот.
По завршување на пасошките и царинските формалности,
следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел.
Краток одмор и можност за прво запознавање со градот.
Ноќевање.
ДЕН
2
30.12.2026 | СРЕДА
БАРСЕЛОНА – ГОТСКИ КВАРТ – ПАРК ГУЕЛ – ФЛАМЕНКО
Појадок.
Можност за организирање пешачка тура низ
Готскиот кварт –
срцето на стара Барселона и место
каде се испреплетуваат уметноста,
историјата и локалната култура.
Готски кварт
За време на прошетката ќе ја запознаете
Катедралата во Барселона,
познатата концертна сала
Палау де ла Музика Каталана,
црквата
Санта Марија дел Мар
и ќе прошетате по најпознатата улица
Ла Рамбла.
Парк Гуел
Слободно време или можност
за индивидуална посета на
Парк Гуел,
едно од најголемите ремек-дела
на Антони Гауди.
Фламенко вечер
Во вечерните часови можност
за вечер со фламенко –
настап на танчари и гитаристи
придружен со пијалак.
Индивидуално враќање во хотелот.
Ноќевање.
ДЕН
3
31.12.2026 | ЧЕТВРТОК
БАРСЕЛОНА – ТРИТЕ ПАРКА – САГРАДА ФАМИЛИЈА
Појадок.
Можност за организирана посета на
Цитадела, Тибидабо и Пуебло Еспањол,
како и до Саграда Фамилија.
Цитадела
Сиудадела претставува спој на природа,
фонтани, езера, зоолошка градина
и уметнички скулптури.
Саграда Фамилија
Запознавање со најзначајното дело
на славниот Антони Гауди –
Саграда Фамилија,
величествена базилика
и еден од главните симболи на Барселона.
Групна посета на внатрешноста
не е вклучена.
Тибидабо
Посета на Тибидабо,
местото од кое се отвора
еден од најубавите погледи
кон Барселона.
Пуебло Еспањол
Следува посета на
Пуебло Еспањол – Шпанското село,
уникатен комплекс кој ја прикажува
архитектурата, традицијата и уметноста
од различни делови на Шпанија.
ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА
Дочек на Нова Година
на еден од плоштадите
во Барселона –
индивидуално.
Индивидуално враќање во хотелот.
Ноќевање.
ДЕН
4
01.01.2027 | ПЕТОК
БАРСЕЛОНА – ЖИРОНА – ФИГЕРАС – БАРСЕЛОНА
Појадок.
Можност за организирање
факултативен излет до
Жирона и Фигерас.
Жирона
Жирона е град со зачувани ѕидини,
недопрен еврејски кварт,
шаренолики куќи покрај реката Оњар
и познати локации
од серијата
„Игра на троновите“.
Фигерас
Патувањето продолжува кон Фигерас,
родното место на големиот уметник
Салвадор Дали.
Можност за посета
на неговиот познат музеј –
еден од најнеобичните
и највпечатливите музеи во Шпанија.
Враќање во Барселона.
Слободно време.
Ноќевање.
ДЕН
5
02.01.2027 | САБОТА
БАРСЕЛОНА – АКВАРИУМ – СКОПЈЕ
Појадок.
Одјавување од хотелот.
Слободно време или можност
за факултативна посета
на
Аквариумот во Барселона –
еден од најголемите
и најубавите аквариуми во Европа.
Индивидуално враќање во хотелот.
Во договорено време
следува организиран трансфер
до аеродромот во Барселона.
Полетување за Скопје
во 16:15 часот.
Пристигнување
на скопскиот аеродром
во 19:00 часот
по локално време.
Важно за факултативните посети
Поради потребата
од навремено резервирање
на трансфери
и влезници
за наведените факултативи,
клиентите мора
да се изјаснат
за истите
при резервацијата
на патувањето
.
Реализацијата
на факултативните посети
зависи
од бројот
на пријавени патници
и достапноста
на влезниците.
За реализација
се потребни
минимум 16
пријавени патници.
Агенцијата
не гарантира
место или влез
доколку клиентот
се одлучи
за факултативна посета
на лице место.
Реализацијата
на основната програма
не зависи
од реализацијата
на факултативните посети.