✈️ ПРЕВОЗ
Авионски превоз
🏨 СМЕСТУВАЊЕ
Hotel Arya 3★
🍳 УСЛУГА
3 ноќевања со појадок
🧳 БАГАЖ
Рачен багаж до 8 kg
Барселона – каталонската кралица
Барселона,
позната и како
„каталонската кралица“,
е еден од најпосетуваните
градови во светот.
Градот е познат
по својата архитектура,
медитеранската атмосфера,
динамичниот живот
и богатото културно наследство.
Прошетката
по познатата
La Rambla,
Готскиот кварт,
делата на
Антони Гауди
и местата како
Саграда Фамилија
и
Парк Гуел
се само дел
од искуствата
кои ја прават
Барселона посебна.
Програма на патувањето
ДЕН
1
13.03.2027 | САБОТА
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок
на групата
на аеродромот
во Скопје
во 10:35 часот.
Полетување
за Барселона
во 12:35 часот.
Пристигнување
во Барселона
во 15:30 часот.
Следува
организиран трансфер
до хотелот
и сместување.
Во попладневните часови
се препорачува
индивидуална посета
на
Шпанскиот плоштад
и
Магичните фонтани.
Ноќевање.
ДЕН
2
14.03.2027 | НЕДЕЛА
ГОТСКИ КВАРТ – САГРАДА ФАМИЛИЈА – ПАРК ГУЕЛ
Појадок во хотел.
Готски кварт
Следува
пешачки разглед
на
Готскиот кварт – Barri Gòtic,
историското срце
на Барселона.
Квартот е
препознатлив
по лавиринтот
од тесни
средновековни улици,
римски остатоци
и шармантни плоштади.
Се наоѓа
во областа
Ciutat Vella,
помеѓу
La Rambla
и Via Laietana.
Во овој дел
се наоѓаат
и познатите:
- Катедралата во Барселона
- Plaça Reial
- Еврејскиот кварт – El Call
Саграда Фамилија
Со метро
се упатуваме
кон
Саграда Фамилија.
Следува
слободно време
за фотографирање,
кафе пауза
и ручек.
Парк Гуел
Во попладневните часови
е предвидена
индивидуална посета
на
Парк Гуел.
Паркот е
едно од
најпознатите дела
на Антони Гауди
и место
каде неговите идеи
за единството
на уметноста
и природата
најдобро доаѓаат
до израз.
Индивидуално
враќање
во хотел.
Ноќевање.
ДЕН
3
15.03.2027 | ПОНЕДЕЛНИК
ЦИТАДЕЛА – ШПАНСКО СЕЛО – ТИБИДАБО – ФЛАМЕНКО
Појадок во хотел.
Денешниот ден
е предвиден
за факултативна посета
на трите
најпознати паркови
и туристички места
во Барселона.
Парк Цитадела
Посетата започнува
со
Парк Цитадела.
Шпанско село
Потоа
се упатуваме
кон
Шпанското село,
музеј на отворено.
Создадено
во XX век,
Шпанското село
имало цел
на едно место
да ги претстави
основните карактеристики
и разновидноста
на различните
региони на Шпанија.
Тибидабо
За крај
се упатуваме
кон
Тибидабо,
од каде
се отвора
прекрасен
панорамски поглед
кон Барселона.
По околу
6 часа обиколка
следува слободно време
за индивидуални активности.
Враќање
во хотел
со метро.
Фламенко вечер
Во вечерните часови
можност за
организирана
факултативна
Фламенко вечер.
Ќе имате можност
да уживате
во традиционално
фламенко шоу
со пијалок.
Враќање
во хотел
со метро.
Ноќевање.
ДЕН
4
16.03.2027 | ВТОРНИК
БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок во хотел.
Слободно време
за индивидуални прошетки
и последни активности
во Барселона.
Во договорено време
следува
организиран трансфер
до аеродромот.
Полетување
за Скопје
во 16:00 часот.
Пристигнување
во Скопје
во 18:45 часот.
Важно за факултативните посети
Поради потребата
од навремено
резервирање
на трансфери
и влезници
за наведените факултативи,
клиентите мора
да се изјаснат
за истите
при резервацијата
на патувањето.
Реализацијата
на факултативите
зависи
од бројот
на пријавени патници
и од достапноста
на влезници
во моментот
на резервирање.
За реализација
се потребни
минимум 16
пријавени патници.
Агенцијата
не гарантира влез
доколку клиентот
се одлучи
за факултативна посета
на лице место.
Реализацијата
на основната програма
не зависи
од реализацијата
на факултативните посети.