Sunrise Meraki Египет Хургада
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Sunrise Meraki Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Краток опис
Овој хотел во бохо-стил  нуди вистинско египетско гостопримство, еклектичен амбиент и различни содржини.
Погодностите на овој ресорт вклучуваат и можности за нуркање, базени, 2 водени тобогани, релаксирачки масажи и салон за убавина.
Хотелот е само за возрасни.
Плажа
Гостите можат да се релаксираат на приватна песочна плажа на Црвеното Море.
Ресортот Meraki Beach  има плажа долга 2,6 км. Споменатата плажа е една од најубавите во овој дел од Хургада.
Локација
Овој хотел е на една од најдобрите локации во Хургада. До центарот на Хургада може да стасате со пешачење.
Програма

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

·  Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен лет.

·  7 ноќевања во избраниот хотел на услуга All inclusive или Ultra all inclusive во зависност од избраната опција од Вас

·  Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж

·  Аеродромски и административни такси

·  Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада

·  Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

·  Организација на патувањето.

 

Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

·         Влезна виза за Египет - за лица со Македонски пасош визата се добива при пристигнување во Египет и истата чини 25 долари.

·         Меѓународно патничко здравствено осигурување

·         Хотелски услуги после одјавување на собите.

·         Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

·         Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.

ЗАБЕЛЕШКИ:

·         Сите хотели се на барање.

·         Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

·         За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

·      Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.

·         Објавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 

·         За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.

·         Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 

·         Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

·         Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

·         После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.

·         Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.

·         Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 

·         точно име и презиме на патниците (како според документ)

·         датум на раѓање

·         број на пасош и датум на валидност. 

·         Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

·         Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 

Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 

 

Сместување
Секоја од 270те соби вклучува исти удобности. Специјалните и креативно дизајнирани соби ги одликува спој на боемски стил и удобност. Сите соби се опремени со телефон, мини-фрижидер, клима уред и ТВ со сателитски канали. Секоја соба има бања со туш и балкон или тераса.
Band Text
Пансион
Услуга All inclusive (според хотелските правила)

Во рестораните и баровите во објектот можете да уживате во вкусните оброци и големиот избор на пијалоци. Угостителската понуда ќе го задоволи вкусот на сите гости. Вечерата на база шведска маса се служи во главниот ресторан Munchery, а хотелот, исто така, има 7 различни à-la-carte ресторани. Resort Meraki Beach нуди 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се релаксирате со прекрасни коктели на крајот од прекрасниот ден. Ресторанот на хотелот е дел од добро познатата кујна на хотелите Sunrise. 
Home Location

X Координати: 27.26140592297559
Y координати: 33.81469488143921


За хотелот:

Sunrise Meraki Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.