Хотел Maya Bay – Калитеа
Опис на хотелот
Хотелот има одлична локација, земајќи го предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма.
Плажа: Неполни 5 минути одење до песочна плажа.
Услуга: Наем на соба (Room Only).
Интернет: Бесплатно Wi-Fi на бар и базен.
Сместување
Double Standard Room: стандардни двокреветни соби со страничен поглед на море.
Дополнително легло: кауч на пуштање – може да се сместат 2 деца до 11,99 години или 1 возрасен.
Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телевизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон и купатило со туш.
Хотелски содржини
Надворешен базен (бесплатно), бар покрај базен, рецепција 24/7, игротека за деца.
Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот или барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
Ценовник по термини
Цена по лице за 7 ноќевања (RO – наем на соба).
| Термин | Услуга | Цена по лице |
|---|---|---|
| 31.05 – 07.06.2026 | 7 RO | 169 € |
| 07.06 – 14.06.2026 | 7 RO | 199 € |
| 14.06 – 21.06.2026 | 7 RO | 249 € |
| 21.06 – 28.06.2026 | 7 RO | 279 € |
| 28.06 – 05.07.2026 | 7 RO | 319 € |
| 05.07 – 12.07.2026 | 7 RO | 329 € |
| 12.07 – 19.07.2026 | 7 RO | 349 € |
| 19.07 – 26.07.2026 | 7 RO | 385 € |
| 26.07 – 02.08.2026 | 7 RO | 385 € |
| 02.08 – 09.08.2026 | 7 RO | 385 € |
| 09.08 – 16.08.2026 | 7 RO | 385 € |
| 16.08 – 23.08.2026 | 7 RO | 385 € |
| 23.08 – 30.08.2026 | 7 RO | 349 € |
| 30.08 – 06.09.2026 | 7 RO | 299 € |
| 06.09 – 13.09.2026 | 7 RO | 249 € |
| 13.09 – 20.09.2026 | 7 RO | 199 € |
| 20.09 – 27.09.2026 | 5 RO | 169 € |
Напомена: 1 дете до 11,99 години – бесплатно.
Клима и интернет: Клима уред и Wi-Fi – бесплатно.
Цените се дадени во евра. За уплата во денарска противвредност се користи курс 1 € = 62 мкд.
Цената вклучува
- 7 ноќевања.
- Користење на клима уред.
- Wi-Fi на базен и бар / лоби.
Попуст за подолг престој: За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања се одобрува 7% попуст на терминот со пониска цена.
Доплати
- Туристичка такса: 5 € по соба на ноќ (се плаќа во хотел).
- Второ дете од 0–11,99 години: доплата 12 € на ноќ.
- Трет возрасен на дополнително легло: доплата 18 € на ноќ.
Превоз Македонија – Грција – Македонија
- Скопје / Велес / Неготино / граничен премин Богородица – 45 € за возрасни, 35 € за деца до 11,99 години.
- Струмица, Штип – 60 € за возрасни, 50 € за деца до 11,99 години.
- Битола / Прилеп – 40 € за возрасни, 30 € за деца до 11,99 години.
Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбе.
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде што може да минува превозното средство.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во агенција за време и место на поаѓање. Патниците треба да бидат на местото за поаѓање 15 минути пред кажаното време.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења.
Напомена за резервации со попусти
- Бројот на соби кои може да се резервираат со попуст за рани резервации е ограничен.
- Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на попустите пред наведените датуми на истекување.
- Резервациите направени со еден попуст не може да се комбинираат со друг попуст.
- Доколку уплатата не се изврши навреме, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и тоа не претставува причина за отказ на постоечката резервација.
- За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена; овој попуст не може да се комбинира со други попусти.
- Во случај на отказ на резервации уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување, уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.
Начин на резервирање и правила за отказ
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.
- Доколку резервацијата се прави 14 или помалку денови пред датумот на започнување, потребна е 100% уплата од вкупниот износ.
- За резервација е потребно да се достават точни имиња и презимиња на сите патници и датуми на раѓање.
Отказни трошоци (надомест во процент од вкупната цена):
- за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5%;
- за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 20%;
- за отказ од 29 до 20 дена пред патувањето се наплатува 50%;
- за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето се наплатува 80%;
- за отказ од 14 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето се наплатува 100%.
Локација:
Грција / Халкидики / Касандра / Калитеа.
Хотелот има одлична локација, земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма.
Сместување:Стандардна Двокреветна соба (Double Standard Room) - Двокреветни стандардни соби имаат страничен поглед на море.
Вид на дополнително легло: кауч на пуштање, може да се сместат 2 деца до 11.99 години или 1 возрасен / baby cot на барање - бесплатно!
Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телефизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон, купатило со туш.























