- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Melisa Gold Coast – Псакудија 2026
Опис на Псакудија и хотелот
Мелиса Голд Коуст се наоѓа на почетокот на Ситонија. Плажата Псакудија, со сино знаме, е долга околу 4 км и е совршена дестинација за семејни одмори. Нуди лежалки, чадори и спортови на вода и се наоѓа на само 80 метри од хотелот.
Псакудија има една главна улица која се протега покрај плажата, каде што се сместени неколку таверни. На плажата има одлични барови и кафулиња со убаво уредени градини, како и неколку продавници.
Сите соби во Melisa Gold Coast имаат приватен балкон или тераса со поглед на заливот Торонеос, добро одржуваната медитеранска градина на хотелот или базенот. Телевизори со рамен екран со сателитски канали се достапни во секоја соба. Собите се наоѓаат во една од четирите главни згради.
Melisa Gold Coast – општи информации
Мелиса Голд Коуст се наоѓа во живописното место Псакудија, на вториот крак на Халкидики – Ситонија. Хотелот се состои од четири главни згради, со поглед на боровата шума. Располага со базен и е на само околу 80 метри до плажата.
Во состав на хотелот има различни типови соби, рецепција, базен, хидромасажа, детски базен, бар покрај базен, ресторан, бар на плажа со игралиште, лежалки и чадори и спортови на вода.
Студио 305 (зграда C)
Студио бр. 305 се наоѓа во зграда C. Се работи за двокреветно студио со 2 единечни кревети и една фотелја на расклопување.
- Поглед кон градината и базенот.
- Балкон.
- Локација: втор спрат.
- Површина: 27 m².
- Максимално дозволено сместување: 2 возрасни лица и 1 дете до 6 години.
- На барање може да се стави и креветче за бебе, но само доколку не е пуштена фотелјата.
Во сите типови соби, сместувањето е дозволено согласно капацитетот на редовните легла. Дополнително, може да се смести едно дете до 2,99 години кое не користи посебно легло.
Термини и цени – Melisa Gold Coast, Studio 1/2+1
Термин: секоја недела – 7 ноќевања. Клима уредот е вклучен во цената.
Резервациите со попуст се плаќаат 50% при резервирање и остатокот до 30 дена пред поаѓање.
| Термин (недела) | Studio 1/2+1 |
|---|---|
| 24.05 – 31.05.2026 | |
| 31.05 – 07.06.2026 | |
| 07.06 – 14.06.2026 | 330 € |
| 14.06 – 21.06.2026 | 396 € |
| 21.06 – 28.06.2026 | 439 € |
| 28.06 – 05.07.2026 | 490 € |
| 05.07 – 12.07.2026 | 625 € |
| 12.07 – 19.07.2026 | 647 € |
| 19.07 – 26.07.2026 | 659 € |
| 26.07 – 02.08.2026 | 659 € |
| 02.08 – 09.08.2026 | 659 € |
| 09.08 – 16.08.2026 | 659 € |
| 16.08 – 23.08.2026 | 659 € |
| 23.08 – 30.08.2026 | 548 € |
| 30.08 – 06.09.2026 | 395 € |
| 06.09 – 13.09.2026 | 451 € |
| 13.09 – 20.09.2026 | 362 € |
Цените се изразени во евра. Уплата се врши во денарска противвредност (1 € = 62 мкд).
Што е вклучено во цената
- Наем на студио за 7 ноќевања.
- Клима уред.
- Wi-Fi.
- Користење на базен за возрасни и деца.
Што не е вклучено во цената
- Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија за возрасен – повратен билет 55 € и 40 € за деца до 11,99г.
- Струмица - 70 € за возрасни и 60 € за деца до 11,99г, Штип - 70 € за возрасни и 60 € за деца до 11,99г.
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно.
Важно
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Во апартманите/студијата е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
- Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се рачунат две ПРОМО цени.
- За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
- Попустите не се комбинираат.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
- Сместување во собите е по 14:00 часот (локално време), а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
- Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата/хотелот.
- Во цената е вклучено користење Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.














