- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
- Само Хотел
- Чартер програми
Шпанија (Коста Брава) – Лето 2026
Авионска програма • Скопје – Барселона – Скопје • 7 ноќевања • групни трансфери
Програма на патување
1 ден | СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или согласно инструкциите добиени од организаторот. Директен лет кон Барселона во поставеното време, во попладневните часови, околу 18 часот. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царински формалности, организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување.
2 – 6 ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел во некој од туристичките места на обалата на Коста Брава. Можност за факултативни излети.
Последен ден | БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Барселона во вечерните часови, околу 17 часот. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје околу 1 часот по полноќ. Крај на услугите.
Сатници и важни напомени за лет
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
Информации, услуги и услови
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Директен авионски лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizz Air.
- Аеродромски административни такси.
- Кабински багаж до 10кг (40 х 30 х 20 цм).
- Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин со 7 ноќевања, на база на избраната услуга.
- Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром.
- Асистенција од локалните партнери.
- Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Оброк / пијалок во авион за време на летот.
- Задолжително здравствено патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
- Туристички такси - се плаќаат на рецепција во хотел.
- Не вклучува куфер.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Директно во нашите канцеларии
- Во кеш со денарска уплата
- Безготовински со платежна картичка (Visa, Master)
- Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки.
- Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти).
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
- За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 30 дена пред патување.
ПАТНИ ИСПРАВИ
Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 3 месеци од датумот на завршување на престојот, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Шпанија. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк.
Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.
ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ
- Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
- Објавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
- Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврзани со оваа програма.
ОПШТИТЕ УСЛОВИ
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА.
Повеќе информации: atlantis.mk/offer/costa-brava-2026
Локација: Овој атрактивен и удобен хотел се наоѓа во Лорет де Мар, блиску до плажата Феналс. Во рамки на 10-минутна прошетка, гостите ќе најдат плејада на продавници, барови, ноќни клубови и ресторани. Веднаш пред хотелот има врски за јавен превоз, а аеродромот Герона е оддалечен околу 30 км.
Опис: Хотелот располага со надворешен и внатрешен базен, летна тераса за сончање, соба за игри со маса за билијард, ресторан, сауна и амам за одмор на гостите. Приморската локација на овој хотел и услугите погодни за семејството го прават идеален за забавен одмор под топлото медитеранско сонце. На само еден час од Барселона, неговата стратешка локација ќе ви овозможи автентично медитеранско искуство токму во срцето на градот, со многу продавници, опции за јадење и рекреација од кои можете да изберете за да уживате со вашето семејство, партнер или пријатели. Уживајте во незаборавен одмор во овој хотел во близина на плажа.
Сместување: Едноставно уредена, секоја светла соба има сателитска ТВ и приватна бања. Собите имаат приватен, опремен балкон со поглед на базен или улица.
Плажа: 600м
Услуга: HB / FB / All inclusive






