Рилски манастир е
најголемиот и најстар православен манастир на Балканот.
Бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски. Манастирот бил
уништен од пожар во почетокот на 19 век, а повторно бил изграден помеѓу
1834 и 1862 година.Рилскиот манастир има уникатна архитектура. Однадвор
манастирот личи на тврдина. Има 24-метарски ѕидови од камен. Токму тоа е
причината поради која посетителите се воодушевуваат кога влегуваат во
манастирот преку една од двете врати. Во 1961 година , манастирот бил прогласен како Национален Музеј, а во
1983 година бил вклучен во листата на Светски културни богатства на УНЕСКО.
Програма на патувањето:
Тргнување во раните утрински часови од договорено место во Струмица.
Патување кон Бугарија со попатни паузи за царински формалности и одмор.
Пристигнување на Рилски Манастир и слободно време за разглед на истиот. Во
попладневните часови се упатуваме кон Благоевград. Слободни активности и
прошетки во градот.Во договорено време се упатуваме назад кон Македонија.
ЦЕНА по ЛИЦЕ : 1.000 мкд.
Понудата вклучува:
- Организација
и водство на патувањето.
- Превоз
на наведената релација.
- Посета
на Рилски манастир.
- Посета
на Благоевград.
Понудата НЕ вклучува:
- Индивидуални
трошоци
- Влезници
за културно историски споменици
Општи
напомени:
- Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот
износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 5 дена пред почетокот
на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во
денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум
пријавени 40 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност
од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Во случај на недоволен број на пријавени патници
организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 2 дена
пред датумот на започнување на истиот;
- За време на разгледите на градовите наведени во
програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во
програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на
редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за
промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни
причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично