ОКТОМВРИ во МИЛАНО
Индивидуална авионска програма ОД СКОПЈЕ
4 дена/3 ноќевање
Дата на патување : 10.10. – 13.10.2021
Програма на
патувањето:
1.ден :
Скопје – Милано
Пристигнување на аеродром 2,5 часа пред лет за Милано, во 16:15 ч.,
полетување во 18:45 ч.,
односно согласно времето наведено во авионската карта.Слетување во 20:50 ч.По царински формалности следи организиран
трансфер до избраниот хотел и
превземање на собите според хотелските правила. Слободно време, ноќевање
во хотел.
2 – 3 ден:
Милано
Појадок во хотел. Слободно време ...
Распостранет во рамнините на областa Ломбардија, Милано е
втор по големина град во Италија, познат по уметноста, модата, шопинг и храна.
Основан од Kелтите, Милано бил главен град на Западната Римска Империја, а
потоа бил управуван од Шпанци и Австријци. Многу прочуени артисти се привлечени
токму во Милано од фамилијата Сфорца, а еден од најпознатите е Леонардо да
Винчи. Во 19 век Милано станува оперски центар познат со автори како Росини, Белини,
Верди и Панучи. Има многу знаменитости, но ќе издвоиме дел од нив – операта Ла
Скала и ремек делото „Тајната вечера”, миланската Катедрала, трговскиот центар
Виктор Емануел, замокот Сфорца.
Денес Милано претставува светски центар на модата, која освен за
шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат
модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Во Милано италијанските
дизајнери ја демонстрираат својата креативност не само на подиумот, но и во
отворањето ултрамодерни ресторани и барови како „Just Cavalli”, „Armani Nobu
Bar”, „Trusardi”, „Gucci café”, „Bvlgari Hotels&Resorts”,
„Dolce&Gabbana Restaurant”. Спојката помеѓу овие неверојатни знаменитости и
гламурот кој се протега низ градот го прават Милано идеална дестинација за сечиј вкус.
Ноќевање во хотел.
Последен ден: Милано – Скопје
Појадок.
Одјавување од хотел, според правилата на хотелот. Можност за уште едно миланско
кафе пред организираниот трансфер до аеродром.Полетување за Скопје во 16:15 ч.
Пристигнување во Скопје во 18:15 ч.
Дата на патување
|
Хотел
|
4
денови /3 ноќевања
(цена по лице)
|
10.10.2021
– 13.10.2021
|
Ibis Styles Milano Agrate Brianza 3 ***
|
од 309€ ( минимум 2 pax.)
од 279€ ( минимум 4 pax.)
|
Europa 3***
|
од 309€ ( минимум 2 pax.)
од 279€ ( минимум 4 pax.)
|
Adler 3***
|
од 329€ ( минимум 2 pax.)
од 299€ ( минимум 4 pax.)
|
Вклучено во цена:
- авио билет на реалција Скопје - Милано – Скппје, со рачен багаж
- аеродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
- трансфер аеродром – хотел – аеродром
Во цената НЕ е вклучено :
- чекиран багаж
- индивидуални трошоци
- патничко осигурување
- можност за организирање на факултативи (информации во агенција)
Напомени и услови за отказ на резервација:
- За резрвирање потребна е
уплата од 100% од вкупната сума на аранжманот.
- Дадените цени се за индивидуално патување и истите се променлива во
зависност од слободни места и цена на авио билетот како и слободни места и цена на хотелот.
- Направените резервации по оваа понуда
се нерефундабилни и согласно тоа овде не важат правилата за отказ според Општи
услови на патување. Доколку
истата се уплати и потврди уплатените средства неможе да бидат вратени по
ниеден основ вклучувајки и позитивен PCR тест пред патување, или било која
друга причина поради која би се прекинало патувањето.
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Патникот е должен непосредно пред патување да се информира за правилата за
влез во државата во која ќе патува од причина што истите се променливи на
дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај нас и во државата во која
се патува.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА
Ве информираме дека при влез во Италија, според
Covid-19 протоколот потребно е да се приложaт следните документи:
- -При
качување (на брод/авион) да покажат, на барање на претставниците на авио
компанијата или на други превозници, како и при копнен влез во Италија или
на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, „зелен Ковид-19
сертификат„ или еквивалентен сертификат добиен по завршување
на циклусот на вакцинација издаден од надлежните здравствени
органи по вакцинацијата со вакцини одобрени од Европската агенција
за лекови (со вакцините Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или
Johnson & Johnson);
- - Исто
така, да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не
постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на барање на
сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
- - да
го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците
(digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот
да го прикажат на претставниците на авио компанијата при качување во
авионот или на другите превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го
побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
Во случај на недостиг на сертификатот за вакцинација наведен во точка 1,
се уште е можен влез во Италија, но во секој случај е задолжително:
- Поседување негативен
ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа,
направен со брис, кој ќе го покажат на претставниците на авио компанијата
при качување во авионот или на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го
побараат;
- да се
пополни онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital
Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да
се прикаже на претставниците на авио компанијата при качување во авионот
или на други превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат,
во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- да поминат
5 дена во самоизолација и под здравствен надзор,
на адресата која ја пријавиле како место на престој (известувајќи го
надлежниот здравствен дом)
- да се
направи дополнителен
тест, ПЦР или брз антигенски, преку брис, по истекот на петте дена
поминати во изолација.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со
важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите
лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- -Сертификат
/ потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот
SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- -Сертификат
/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од
денот на оздравувањето;
- -Медицинска
потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен
во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- -Негативен
резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа
пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена
имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не
сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест
за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за
Македонија.