Мелник е град кој се наоѓа во
провинцијата на Благоевград, во подножјето на Пирин планина на околу 440м
надморска височина. По број на жители е најмал град во Бугарија. Мелник е
познат по бројните винарии и вкусни вина кои ги има во изобилство. Локалното
вино од сортата Broad Leave Melnik Wine било омилено и кај
Винстон Черчил. Неколку од најпознатите винарии се Винарија Вила Мелник,
Винарија Синтика, Орбелус итн.
Програма на патувањето:
Тргнување во раните утрински часови од договорено место во Струмица. Патување
кон Бугарија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во
Мелник и слободно време за разглед на истиот. Можност за ручек во најпознатата
стара меана во Мелник која има изобилство од традиционални јадења. Во
попладневните часови се упатуваме кон Сандански. Слободни активности и прошетки
во градот и прекрасните паркови.
Можност за посета на Лидл на враќање кон Македонија.
ЦЕНА по ЛИЦЕ : 650 мкд.
Понудата вклучува:
- Организација
и водство на патувањето.
- Превоз
на наведената релација.
- Посета
на Мелник
- Посета
на Сандански
Понудата НЕ вклучува:
- Индивидуални
трошоци
- Влезници
за културно историски споменици
Општи
напомени:
- Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот
износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 5 дена пред почетокот
на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во
денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум
пријавени 40 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност
од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Во случај на недоволен број на пријавени патници
организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 2 дена
пред датумот на започнување на истиот;
- За време на разгледите на градовите наведени во
програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во
програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на
редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за
промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни
причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично