ЦЕНА: 79 евра (4.898 денари) - тргнување од Битола
ЦЕНА: 89 евра (5.518 денари) - тргнување од Скопје
Во аранжманот се вклучени следните услуги:
- превоз со туристички автобус на наведената релација
- сместување во хотел со 3* во Будва на база 2 ноќевања со појадок https://www.hotelskyprime.com/
- Разглед на Будва и Острошки манастир
- Пратител за време на патувањето
Во аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Влезници за културно историските споменици
- Трансфери останати градови 10 Еур
- Организирана екскурзија за Тиват и Котор (10 Еур)
- Останати неспоменати услуги
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 7 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патници;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот најдоцна до 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.