02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не

Венеција и Милано

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

Италија важи за една од најубавите земји во Европа.
Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери се само дел од епитетите со кои можеме да ја опишеме Италија.

Искористете го овој продолжен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја, со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.


Што е вклучено во цената

-2 ноќевања со појадок во хотел со 3* (https://www.hotelantille.com/en_hotel.htm

-Автобуски превоз од Скопје

-Посета на Падова

-Лиценциран придружник


Што не е вклучено во цената

-Патничко осигурување

-Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 35евра

-Факултативна посета на Милано со локален водич – 55евра

-Пакет за двете факултативи со пријава во агенција – 80 евра

-Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)

-Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Милано

Цена за пакет: 55 евра

Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.

Венеција (задолжителна факултатива)

Цена за пакет: 35 евра

Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода. Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море. Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта. Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со невната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате…

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ

Цена за пакет: 80 евра (со пријава во агенција)


!! ВАЖНО !!

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Доплата за еднокреветна соба 40 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра

Трансфер од Битола, Прилеп, Негоино, Кавадарци, Велес, Штип  Гевгелија и Струмица – 10 еур по лице (во правец)

*Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. 

Важат условите за патување на ДТУ Атлантис ДООЕЛ
Фото Галерија