02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Рим во јуни

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

РИM

07.06. - 10.06.2025

4 дена/3 ноќевања

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОГРАМА 

1 ден (07.06.2025 - сабота) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетување за Рим во 11:35 часот. Пристигнување во Рим во 13:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Во договор со пратителот на групата, можност за ноќна прошетка во центарот на градот.Ноќевање.

2 ден (08.06.2025 - недела) | Рим (Разглед и Ватикан)

Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (09.06.2025 - понеделник) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)

Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден (10.06.2025 - вторник) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (последно кафе или шопинг во Рим) и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:50 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 15:35 часот.   

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 499 € 
за првите 6 места

РЕДОВНА ЦЕНА : 569 €

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
  • 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба
  • Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич - 30 € - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
  • Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела - 70 € (со локален водич и влезница)
  • Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este - 60 €;

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Фото Галерија