02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Рим во Септември

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

Рим во Септември

(27.09.2025 – 30.09.2025)

Рим – Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање. Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно. Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела, и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација, тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.  Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади… Рим – синоним за романса, СЕ е во името. Како што ќе Ви кажат Римјаните, кратко и јасно – ако го превртиш зборот „ROMA“ (италијанскиот збор за Рим), ќе добиеш „AMOR“ – што значи љубов.  Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив. 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА : 550 ЕУР
РЕДОВНА ЦЕНА: 640 ЕУР

Што е вклучено во цената
 Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје со вклучени аеродромски такси
 3 ноќевања со појадок
 Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Билети за јавен превоз
Локален водич

Што не е вклучено во цената
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг ·   -информација за цена 3 дена пред поаѓање
Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
Влезница за Ватикан – 50e (по лице) задолжително пријавување и уплата во агенција
Влезници за музеите – 30e (по лице) Колосеум и гробницата на Св. Кирил, пријавување и уплата во агенција

Важно
Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 23 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница,
доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Фото Галерија