02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Рим 8 декември

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Програма
Дополнителни информации

РИМ

07.12. – 10.12.2025 | 4 дена / 3 ноќевања

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот.
Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа
и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот-државата Ватикан. Туристите го опишуваат како посебен и единствен град, а Италијаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет.

ПРОГРАМА


·         1 ден (07.12.2025 - недела) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:55 часот. Полетување за Рим во 18:55 часот. Пристигнување во 20:45 часот.
    Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

·         2 ден (08.12.2025 - понеделник) | Рим (Разглед и Ватикан)

Појадок во хотел. Факултативна посета на Ватикан – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела.
    Посета на најзначајните уметнички дела и собите на Рафаело. По паузата, панорамски разглед со локален водич (пеш и метро): Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали,
    Виа Кондоти, Виа Дел Корсо, Пиаца Пополо. Враќање во хотел. Ноќевање.

·         3 ден (09.12.2025 - вторник) | Тиволи, Рим (Колосеум - однадвор)

Појадок во хотел. Посета на паркот Тиволи и комплексот Villa D’Este (факултативно). Посета на црквата Сан Клементе,
    каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Посета (однадвор) на Колосеумот и дворецот на Нерон „Domus Aurea“. Слободно време. Ноќевање.

·         4 ден (10.12.2025 - среда) | Рим - Скопје

Појадок и одјавување. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Полетување во 21:30 часот. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.

ЦЕНИ

Промотивна цена по лице: 399 € (за првите 10 пријавени)

Редовна цена: 469 €

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Директен лет Скопје - Рим - Скопје (Wizz Air)

·         Аеродромски такси

·         Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром

·         Мала кабинска торба (40 x 30 x 20 cm)

·         Сместување во двокреветни соби во хотел 3* или 4* (централно подрачје)

·         3 ноќевања со појадок

·         Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата

·         Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Доплата за 20 kg багаж (куфер)

·         Доплата за еднокреветна соба 120 €

·         Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден ( се плаќа во агенција ) 

·         Билети за јавен превоз (метро)

·         Патничко осигурување

ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВИ:

·         Панорамски разглед на Рим со локален водич – 20 €

·         Посета на Ватикан и Систинската капела – 70 € (со водич и влезница)

·         Посета на Тиволи и Villa D’Este – 70 € (со водич и влезница)

Факултативите мора да се пријават и уплатат при уплата на аранжманот. Потребен минимум од 16 лица.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

·         Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.

·         Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.

·         Целосна уплата најдоцна 15 дена пред патување.

·         Цените се во евра за уплата во денарска противвредност (1 € = 62 денари).

·         Минимум 25 патници за реализација.

·         Пасош со важност најмалку 90 дена по завршувањето на патувањето.

·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената при промена на трошоци.

·         Во случај на недоволен број пријавени, агенцијата може да го откаже аранжманот 5 дена пред поаѓање.

·         Можни се промени во редоследот на програмата поради објективни причини.

·         За време на разгледите не се предвидени внатрешни посети на институции освен ако не е наведено.

·         За оваа програма важат општите услови за патување на Т.А. АтлантиС


AtlantiS

📞 +079 374 788,  071 307 212, 075 253 212

📧 [email protected]

Фото Галерија