Патување Скопје – Прага – Карлови Вари
Датуми: 11 – 14 април 2026 • Траење: 4 дена / 3 ноќевања • Сместување: Hotel Olympik Congress 4* (BB)
Програма
1 ден (11.04.2026) — Скопје → Прага
Состанок на аеродромот во Скопје во 10:45. Полетување во 12:45 и слетување во Прага во 15:00. Следи трансфер и сместување во хотел. Вечерта – можност за запознавање со градот.
2 ден (12.04.2026) — Прага
Појадок, потоа организиран разглед со локален водич: Карловиот мост, Малтешки витези, Кралски пат, Еврејски кварт, Париска улица, Орлој, Прашна кула, Национален музеј, Храдчани, Св. Вито, Златна улица. Попладне – слободно време или ноќно крстарење по Влтава.
3 ден (13.04.2026) — Прага → Карлови Вари
Посета на Карлови Вари – најпознатото лековито бањско место во Чешка. Разглед, можност за дегустации и купување производи. Враќање во Прага. Слободно време.
4 ден (14.04.2026) — Прага → Скопје
Појадок и слободно време. Трансфер до аеродром. Полетување во 15:35, слетување во Скопје во 17:35.
Во цената е вклучено
- Авио лет Скопје – Прага – Скопје
- Аеродромски такси
- Кабински багаж 8 кг (40×30×20)
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања во Hotel Olympik Congress 4* (BB)
- Разглед на Прага со локален водич
- Придружник од агенцијата
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса – 4 € по лице по ноќ
- Карлови Вари (факултативно) – 50 €
- Крстарење по Влтава – 20 €
- Патничко осигурување
- Јавен превоз
Општи напомени
- Организатор: Т.А. АтлантиС
- Резервација: со 30% уплата, целосна уплата 15 дена пред поаѓање
- Курс: 1 € = 62 денари
- Минимум: 20 патници за реализација
- Документи: Пасош важечки 90 дена по завршување на патувањето
- Организаторот може да врши промени поради објективни причини
