Мадрид за Велигден
- Општи информации
- Галерија
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €
ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВЕНИ !
РЕДОВНА ЦЕНА : 559 €
4 дена / 3 ноќевања
МАДРИД – познат по музеи, прометни улици испреплетени со секакви продавници, ресторани со светска кујна и непобедлив ноќен живот. Ќе ве изненади со своите мирни историски места што ги шармираат сите што поминуваат покрај нив. Кога е време за јадење, Мадрид има многу различни опции, секоја попривлечна од претходната. Од една страна, традиционални барови каде што можете да откриете точно што значи кастизо и зошто тапасите се толку популарни. Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Тој е гостопримлив и разновиден. Мадрид , весел и жив во секое време, без сомнение, еден од најинтересните градови во Европа.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје - Мадрид - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба од 8 кг (40 x 30 x 20 cm);
- Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
- Сместување во хотел 3*, 3 ноќевања со појадок;
- Организирани прошетки според програматa;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
- Доплата за еднокреветна соба 200 €;
- Патничко осигурување;
- Билети за јавен превоз со метро
ЕКСКУРЗИИ
- Разглед со локален водич и трансфер - 45 €;
- Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич – 75 €;
Задолжително минимум една екскурзија- пријавување во
агенција
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС


