Истанбул - Индивидуална Авионска Програма
- Општи информации
- Галерија
Истанбул City Break
И С Т А Н Б У Л
Патување во ориенталното царство
авион - 4 дена / 3 ноќевања
Истанбул е град на мистичноста, кој ве остава без здив, без разлика колку пати ќе го посетите. Ако сте во Истанбул за прв пат, искористете го своето време мудро, бидејќи има многу што да се види.
Архитектурата е многу специфична, и ако сакате ориентален стил, ова е вистинско царство за вас. Месецот кој е како создаден за патување во Истанбул е мај, кога се буди нов живот, градот дише, пулсира во ритамот на новиот живот што се раѓа, а морското ветре го заокружува прекрасното чувство.
ПРОГРАМА:
1 Ден СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Полетување од скопскиот аеродром за Истанбул. Oрганизиран трансфер до хотел. Слободно време за разглед на градот. Имате можност да тргнете во освојување на градот –Аја Софиа, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Вселенската Патријаршија, Златниот Рог, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата Сарај, Египетскиот пазар... Направете си убав распоред пред патување, како би можеле да посетите што е можно повеќе знаменитости во текот на овој престој.
2 Ден ИСТАНБУЛ – стариот град –- Стамбол и неговата магична убавина
Појадок. По појадокот, Ве чека Истанбул, со сета своја големина! Овде секое камче има своја приказна, излезете и уживајте во стариот дел на градот, познатиот Стамбол. Имате и можност за факултативни екскурзии ( со договор во агенција). Осетете ја величината и големото богатство на Отоманската Империја - посетете ја палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Кога ќе слушнетеТопкапи сарај, повеќето веднаш помислуваат на харем. Иако зад дебелите sидови на величествената зграда се криел и харем, Топкапи палатата(сарај) денес ја чува богатата ризница и вредни историски документи. Изграден на местото на некогашните бедеми и порти на античкиот Константинопол, своевремено бил град во град каде живееле дури 4.000 жители. Палатата Топкапи била резиденција на турските султани четиристотини години, сè додека не била заменета со палатата Доламбахче во 19 век.
Ако сакате да го почувствувате вистинскиот дух на Истанбул и Турција, Големиот базар е најдоброто место за тоа. Оваа огромна покриена област во суштина е првиот светски трговски центар, изграден во почетокот на 15 век од Мехмет Втори, со цел да се соберат средства за изградба на Аја Софија.Самиот простор е толку голем, што се протега на над 54.000 м2 и се состои од 56 ходници со над 4.000 продавници каде ќе најдете се што ви треба. И, знаете што е особено интересно? Она што секој вид на производ, има своја улица. Во едното ќе најдете само злато, во другите сувенири, во третата облека и така во недоглед. И, секако, безобразно ценкајте се . Капали чаршија е отворена секој ден, освен недела... Седнете,одморете се од напорниот ден со убав филџан чај и вкусете ги најубавите локални јадења, по кои Истанбул е надалеку познат.
3 Ден ИСТАНБУЛ – АЗИСКИ ДЕЛ Појадок. Препорака за овој ден – уживајте во убавините на Босфорот кој ги спојува европскиот и азискиот дел од ИСТАНБУЛ. Задолжително патување што треба да го направите додека сте во Истанбул, е посета на Принцеските острови. Градот се состои од дури девет острови, попознати како Принцеските острови или Адалар. Самите острови се совршено место за одмор и релаксација, бидејќи на повеќето од нив нема автомобили, врева и гужва, луѓето возат велосипеди, а на сите страни има цвеќиња и дрвја. Најголемиот од овие девет острови (што препорачуваме да ги видите ) е остров Бујукада...
Не пропуштајте ја Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Да постоеше само едно место кое би го опишало целиот раскош и сјај на Отоманската империја, тоа веројатно ќе беше Долмабахче сарај, која ја заменила Топкапи палатата како главна резиденција на турските султани. Надворешноста на палатата е украсена со бројни градини, фонтани и цвеќиња во сите бои и мириси, додека внатрешноста ја покажува целата вистинска моќ на една империја. Одлична мешавина од рококо, барок и неокласицизам, придружена со отомански елементи и украси, направиле Долмабахче палатата да се вброи во топ 10 највеличествените палати во светот...
Секако,можете и да се одлучите за крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија... Слободното време нека ви биде можност за уживање во филџан турско кафе или чај во традиционален турски ресторан.
4 Ден ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Напуштање на хотелот во раните утрински часови. Трансфер до аеродром. Полетување назад за Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169евра (10,478 денари) во мај и 179 евра (11,098 денари) во јуни
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Кабински багаж 55x40x20 cm
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел 3* или 4*на база 3 ноќевања со појадок
- 24-часовна поддршка од нашите агенти.
- Организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни разгледи со локален водич ( резервација во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба
- Патничко-здравствено осигурување (задолжително)
- PCR тест – задолжителен во моментот.
Општи напомени
- За ова патување потребно е да имате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци, од датумот на враќање во Македонија;
- Резервација на аранжманот се реализира со уплата на 50% од вкупната сума;
- Доплата на целиот износ на аранжманот, најдоцна 14 дена пред датумот предвиден за реализација;
- Цената подлежи на промена во зависност од цената на авионскиот билет во моментот
- За патување во Турција во моментот е потребен негативен PCR тест на COVID-19;
- Организиторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, доколку цените на авионските билети, хотелското сместување, цените на трансфер услугите како и факултативните излети се променат.
Овој аранжман не е во организација на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и неможе да се користат COVID-19 ваучерите.
Организатор на патување: индивидуална програма