- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
- Само Хотел
- Чартер програми
Вилата Пенелопе се наоѓа во Скала Потамиа на Тасос, на само неколку чекори од песочната
плажа на Скала Потамиа и Голден Бич.
Локацијата е многу централна, со сè што ви треба на кратко
пешачко растојание: таверни, барови на плажа, супермаркети, продавници, такси и
многу повеќе.
Вилата има
двокреветни студиа, секое со свое купатило со туш, мини кујна со фриќидер, ТВ и
клима уред (со доплата).
Собиде кои ги имаме на располагање се на приземје и на први кат. Собите на приземје имаат заеднички двор кој е на располагање на гостите од вилата, а собите на први кат имаат заедничка тераса.
Локација на
вилата: https://maps.app.goo.gl/FHF638o2PCpSggVYA
Pinelopi Studios - Skala Potamia
Туристичката такса (2 € по соба/ноќ) и климата (8 € на ден) се плаќаат директно во објектот.
Ценовник по термини
Резервациите со попуст се плаќаат 50% при резервирање и остатокот до 30 дена пред поаѓање.
| Термин | Studio 1/2 |
|---|---|
| 22.05 - 29.05.26 | |
| 29.05 - 05.06.26 | |
| 05.06 - 12.06.26 | 219 € |
| 12.06 - 19.06.26 | 305 € |
| 19.06 - 26.06.26 | 335 € |
| 26.06 - 03.07.26 | 405 € |
| 03.07 - 10.07.26 | 429 € |
| 10.07 - 17.07.26 | 505 € |
| 17.07 - 24.07.26 | 529 € |
| 24.07 - 31.07.26 | 529 € |
| 31.07 - 07.08.26 | 565 € |
| 07.08 - 14.08.26 | 565 € |
| 14.08 - 21.08.26 | 529 € |
| 21.08 - 28.08.26 | 529 € |
| 28.08 - 04.09.26 | 369 € |
| 04.09 - 11.09.26 | 329 € |
| 11.09 - 18.09.26 | 229 € |
Цената вклучува
- 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба).
- Користење на Wi-Fi.
- Собите имаат мини кујна.
- Студијата се добиваат исчистени и со променета постелнина, а за хигиената на собата во текот на престојот се грижат самите гости.
- Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10:00 часот наутро.
- Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
- Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.
Цената не вклучува
- Туристичка такса од 2 € по соба на ноќ (се плаќа директно во објектот).
- Превоз.
- Патничко осигурување.
- Доплата за користење на клима уред – 8 € на ден (се плаќа на лице место).
Напомени
- Бројот на соби кои може да се резервираат со Early Booking попуст е ограничен!
- Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
- Резервациите направени со Early Booking попуст не може да се комбинираат со ниту еден друг попуст!
- Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде префактурирана по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
- За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена со Early Booking попуст или било кој друг тип на попуст.
Доплата за превоз (за возрасни) Македонија – Тасос – Македонија
- Скопје 65 €
- Велес 65 €
- Неготино 65 €
- Граничен премин 65 €
- Штип 85 €
- Струмица 80 €
- Битола 90 €(минимум 3 лица)
Важно: Деца од 2 до 11,99 години: попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно.
Важно: Задолжителна доплата за траект – 20 € за возрасен / 15 € за дете 2–12 години.









