Види ги сите фотографии
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Програма
Band Text
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.
Локација
Хотелот "Le Pacha " се наоѓа директно на брегот на Црвеното море и нуди спектакуларен поглед на заливот Хургада и на центарот на градот. Се наоѓа на 10-тина минути возење до Меѓународниот аеродром во Хургада и околу 10 минути пешачење од центарот на градот.
За хотелот:
Хотелот има надворешен базен кој опфаќа 1585m2 има ограден дел за деца, аква парк со заоблен базен со површина од 225m2 и длабочина од 60cm кој вклучува и два тобогани наменети за деца. Базенот за возрасните е со длабочина од 130cm и e поврзан со 4 тобогани од кои 3 со должина од 16m и 1 со должина 32m.
Базените во склоп на аква паркот се затоплуваат од 01.11 - 31.03, така што очекувана температура во истите е од 26 до 28 степени.
Ресторан Аlla El Dein
Појадок : 07:00 - 10 :00 ч.
Ручек : 13:00 - 15 :00 ч.
Вечера : 18:30 - 21:00 ч.
Исто така на располагање се и рестораните Casa Rustica (се служи италијанска храна) и China Town Restaurant (се служи кинеска храна).
Со претходна резервација имате можност за ручек или вечера во овие a la carte ресторани со 25 % попуст на храна (не вклучува пијалоци).
Loby bar - отворен 24 часа
Pool bar - отворен од 10:00 - 17:00 ч.
Beach Bar - отворен од 10:00 - 17:00 ч.
English Pub - отворен од 18:00 - 23 :00 ч.
За забава и рекреација хотелот нуди одбојка на плажа, ватерполо, часови по аеробик на вода и секако "мини клуб" со најразлични анимации и за најмалите.
Плажа
Хотелот има приватна, бела песочна плажа, опкружена со идилични градини .
Пансион
Пијалоци вклучени во All концептот :
Coca Cola, Fanta , Sprite, Soda, Tonic, минерална вода, кафе, чај ,локално пиво, локално вино (бело/ црвено за време на оброците во главниот ресторан)виски, рум, узо и водка од локално производство.
Минибарот во собата е со доплата.
Аll концептот е валиден 24 часа.
Аll концептот на денот на завршување на престојот е валиден до 12:00 часот
Во случај на губење на Аll алката доделена од страна на хотелот се наплаќаат 10 $
Во цената е вклучено:
Kафе - Секојдневно во лоби барот од 16:00 - 17:00 ч.
"Happy hour " сладолед за деца.
WI-FI конекција во лобито на хотелот (09 :00 - 24:00 h).
Сместување