02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Види ги сите фотографии

FOUR SEASONS LIMASSOL

Покажи на Мапа
Мапа
  • Само Хотел
  • Чартер програми
Датум на пријавување
Датум на одјавување
Патници
2
Возрасни
2
Деца
0
Години на Дете
Додади Соба
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Краток опис
Хотелот Four Seasons се наоѓа на песочна плажа (има шеталиште помеѓу) во туристичката област, на 8 км од центарот на Лимасол. Хотелот е реновиран за сезоната 2020 година. Овој луксузен делукс ресорт со 5 ѕвезди, врв на луксузот и екстравагантноста, на своите гости им нуди беспрекорна услуга од светска класа; располага со 296 соби, 4 ресторани, 4 барови, најсовремени конференциски објекти, Shiseido Spa, комплетно опремен спортски центар и галерија од продавници со ексклузивни бутици и салон за накит.
Плажа
Песочна плажа само за гостите на хотелот. Лежалки, чадори и крпи (бесплатно).
Facilities
рецепција, 4 ресторани, 2 барови, 2 базени, детско игралиште, клуб за деца (7-13 години), спа центар, конференциска сала, 2 тениски игралишта, паркинг.
Услови за деца
Градинка - Децата од 3 до 8 години се под надзор на квалификуван персонал. Отворено во текот на целата година.
Детски клуб - Дневна и вечерна забава за деца од 7 до 13 години.
Други услуги за деца вклучуваат забавен центар, столчиња за хранење во ресторанот, бебиситерка на барање, наметки за бебиња и друго.
Локација
Се наоѓа на песочна плажа со сино знаме,во туристичката област, 8 км од центарот на Лимасол, 56 км од аеродромот во Ларнака. 

Карактеристики за соба
Елегантно уредените соби, студија и апартмани од тип "suite" во хотелот Four Seasons се климатизирани, имаат LCD TV со сателитски канали, Wi-Fi ,сефови за лаптоп и апарати за кафе. Во мермерните бањи на располагање е тоалетен прибор од брендот Molton Brown. Повеќето сместувачки единици имаат сопствен балкон.

Концепт за исхрана
Услуга: ноќевање со појадок (појадок - шведска маса - самопослужување).
Можна е доплата: полупансион (појадок/вечера - шведска маса - самопослужување) / полн пансион (појадок/ручек/вечера - шведска маса - самопослужување).
Спорт и рекреација
надворешен базен лагунa  со оддел за џакузи
надворешен базен со џакузи (само за возрасни)
внатрешен загреан базен
сауна (бесплатно)
парна бања (бесплатно)
џакузи (бесплатно)
снежна соба
две осветлени тениски игралишта (бесплатно)
пинг понг
комплетно опремена фитнес сала
фитнес часови, аеробик, аквафитнес
PADI нуркачка школа со професионални инструктори
спортови на вода (од март до ноември)
забавни програми
тематски вечери, музика во живо
СПА центар
Важни информации
Последно ажурирање на информацијата /09.12.2022/
Забелешка: Администрацијата на хотелот го задржува правото да направи промени во концептот на хотелот без претходно предупредување.
Сместување
Располага со 296 елегантно уредени соби, студија и апартмани. Постојат неколку типови на соби: супериор соба, супериор соба со поглед на море, семејна соба со поглед на море.