1.Ден 06.12.2020 (Недела) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок
на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај хотел ВИП спроти саем. Поаѓање
за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин
Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
Пристигнување во Пролом Бања, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување
по соби. Ручек. Слободно попладне за
одмор, релаксација и користење на содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 07.12.2020 (Понеделник) ПРОЛОМ
БАЊА
Појадок. Заминување
на организиран претпладневен излет со локален водич до локалитетот Ѓавола
Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди,
избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во
хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот
на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 08.12.2020 (Недела)
ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило.
Организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој
крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те
стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон
Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин
Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности.
Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
Цена на аранжманот за резервации до 25.11.2020 - 120€/7.440ден
Редовна цена на аранжманот - 130€/8.060ден
Цена по лице во двокреветна соба за најмалку 2 лица.
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска
противвредност по курс 1еур=62мкд.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со
туристички автобус на наведената;
- Сместување во Хотел
Радан 3* во двокреветни соби на база 2
ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса);
- Исхрана на база
полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера со сервирање;
- Kористење на Велнес Центар: отворено -
затворен базен, сауна, солена соба,
џакузи, парна бања, тепидариум;
- Користење теретана
и фитнес сала;
- Користење сала за
рекреација (биљард, пинг понг, пикадо);
- Излет до Ѓавола
Варош со локален водич со вклучен автобуски превоз и влезница;
- Излет до црквата
Лазарица со локален водич;
- Туристичка такса;
-Организација и
реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително
патничко осигурување
- Индивидуални
трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-8,99 год. во придружба на 2
возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз
25€/1.550ден (на барање)
- Дете 9-13,99год. во придружба на 2
возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на возраасен 60€/3.720ден
(на барање)
- Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума 125€/7.750ден (на
барање)
- Доплата за еднокреветна соба
30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење
во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во
автобус -35€/2.170ден
- Намалување за сопствен превоз -10€/620ден
од патник.
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате
валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична
карта.
- За реализација на патувањето потребен
е минимум од 30 патници.
- За ова патување не е потребен PCR тест.
- За време на патувањето ќе бидат
запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус,
одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- При влез во автобус задолжително
мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена
телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и
препораките за меѓународен сообраќај.
- За време на патувањето во автобус
задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време
траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на
цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на
водичот.
- За резервација потребна е задолжителна
уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на
патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени
патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во
агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата
исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување
во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во
зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на
неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за
отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет
бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за
промена на редоследот на активности во програмата.
- За ова патување важат Општите Услови
за Патување на СКТМ и Ваикики Травел.