Комплексот Метропол е лоциран на 7км јужно од Охрид , на 800 метри од езерското крајбрежје, во живописни градини, борова шума и фантастичен поглед на езерото и Националниот Парк Галичица. Комлексот е составен од 3 хотели: Метропол****+, Хотел Турист***, Хотел Белви****
Хотелот е изграден и отворен во 1975 г., и е комплетно реновиран во 2018 г.
Според законската категоризација хотелот спаѓа во II категорија со 4 ѕвездички.Хотелот е комплетно климатизиран, пет ката над приземјето и две нивоа под основниот спрат.
Сместувачкиот капацитет во хотелот Метропол се состои од 5 спрата со следниве содржини: 110 двокреветни соби со опција за додавање трет кревет, 4 стандардни апартмани, 1 резидент-апартман , 1 делукс-апартман .
Сите апартмани се климатизирани и луксузно опремени, како и другите соби во хотелот. Има посебна просторија за “собна услуга” на секој спрат.
Хотелот има сопствен паркинг-простор за своите гости со капацитет за 100 возила.