Albatros Citadel Sahl Hasheesh, луксузен хотел со оригинална архитектура, изграден од природен корален камен (исклесан од блиските планини), се наоѓа на плажа долга 1.600 м, во јужниот дел на Хургада, во заливот Сал Хашиш. Плажата е делумно карпеста, има корален гребен погоден за љубителите на подводниот свет, но има и песочен дел од плажата и пристап до морето.
За овој аранжман важат општите услови на патување на
AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска
противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Хотелските соби може да варираат во големина и
дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат
право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни
трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
Информации за ALL INCLUSIVE 2024 (клик!)
www.pickalbatros.com
Хотелот е отворен во 2008 година, а во 2018
година стана дел од ланецот хотели „Pickalbatros“, па тогаш беше целосно
реновиран и повторно отворен. Амбиентот на хотелот е во ориентален стил.
Гостите имаат на располагање барови, ресторани, како и голем избор на објекти
за спорт и забава.
За деца има мини клуб, две игралишта, детски базен и детско мени во ресторанот.