Вашиот одмор на Сејшелите –
„Во другиот свет“
Една од најубавите
островски држави распространета на архипелаг во Индискиот океан. Егзотика од
која застанува здивот, неверојатни пејсажи, забава, вкусна храна и кокосови
ореви во изобилство.
Ова е место за одмор од
соништата ...
10 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА
Период
на патување: 01.04. - 10.04.2021 година
Цена од 1830€ со вклучени аеродромски такси
Прв ден - 01.04.2021 година Софија -Доха
Лет до Махе преку Доха во 12:25 часот со
авиокомпанијата Qatar Airways. Слетување на аеродромот во Доха во 18:05 часот.
Втор ден - 02.04.2021 година Доха - Махе
Трансфер на летот до Махе во 02:40
часот. Слетување на Сејшелите во 09:10 часот. Пречек и трансфер од аеродромот
до избраниот хотел. Слободно време и запознавање со дополнителни екскурзии на
лице место. Сејшелите се 115 острови лоцирани од екваторот до северниот крај на
Мадагаскар. Најголемите острови од групата на Сејшелите се Махе, Прален, Силует,
Ла Диг. Изградени се главно од гранитни карпи, а останатите помали острови се
претежно корални.
Ова неверојатно место е врвот на
потонатиот антички континент, ако се прашувате како би изгледал Рајот -
Сејшелите се приближуваат до претставата за Рајско катче. Песокот е корален,
блескаво бел и има карактеристика да не се загрева дури и при многу високи
температури, природата е зачувана и ќе ве остави маѓепсани со својата егзотика,
волшебниот мирис на рајските цвеќиња и смарагдно сините води. Ноќевање.
Трет ден - 03.04.2021 година
Појадок. Слободно време за одмор или
дополнителни екскурзии. Ноќевање.
Четврти ден - 04.04.2021 година
Појадок. Можност за целодневна
екскурзија „Откријте го Махе“ со вклучен ручек со доплата од 71 евро за
возрасен, 34 евра за дете од 2-11,99 години;
Екскурзијата започнува со трансфер од
хотелот до постојката во колонијалниот центар на најмалата престолнина на
светот, Викторија. Ќе ги видите судската палата, музејот, поштата и
саат-кулата, близнакот на лондонската станица Викторија. Зад аголот се наоѓа
зградата Codevar, каде што локалните занаетчии ги продаваат своите производи,
вклучувајќи го и познатото креолско злато. Прошетката по улицата Albert ќе Ви
го прикаже интересниот шарен пазар, каде на штандовите ќе видите свежо уловена
риба, тропски плодови и зеленчук, билки и зачини со многу вкусови. Следува
патување низ планината и превојот Sans Soucis со стоп за фото пауза на
историскиот Mission Lodge, на пат за ручек во креолски ресторан. По ручекот,
екскурзијата продолжува по јужниот крај на островот кон обновената колонијална
плантажа Jardin du Roi, позната во кратката историја на Креолците како плантажа
на семејството на Џорџ, чие семејно стебло е поврзано со Луј 17ти од Франција.
Ќе ве пречекаат со освежителен домашен овошен сок пред да ве поведат низ
плантажите со зеленчук, егзотични плодови, билки и зачини. На патот до хотелот,
остатокот од попладнето е за одмор со застанување во Занаетчиското село.
Пристигање во хотелот околу 16 часот ..
Петти ден - 05.04.2021 година
Појадок. Можност за целодневна
екскурзија Praline и La Digue (Maхe) со вклучен
ручек /доплата од 189 евра за возрасен, 97 евра за дете од 2-11,99 години;
Прален е втор по големина остров на
Сејшелите и е на околу еден час пловење со траект од Махе. Посетителите ќе можат
да го посетат Vallee De Mai - единственото место на земјата, каде во својата
природна средина расте џиновската палма, позната како двоен морски кокосов орев
(coco de mer). Прошетката оди по добро одржуваните патеки на оваа девствена
шума, слушајќи ги звуците на реткиот Црн папагал, што нè тера да веруваме во
легендите дека ова е рајската градина. Екскурзијата вклучува посета на познатата
плажа Anse Lazio, пред 30-минутно возење со брод до Ла Диг. На островот Ла Диг,
посетителите ќе уживаат во атмосферата на безвременост и удобноста на 21-от
век. Трансфер од пристаништето до L'Union Estate за обиколка во сувите
засолништа за кокосови ореви, да се сретнеме со огромните желки и посета на
неодамна реновираната колонијална куќа на плантажата каде што беше снимен
филмот Goodbye Emmanuella. Обиколката на Ла Диг продолжува со отворен камион со
балдахин, застанувајќи на Anse Source d”Argent - една од најубавите плажи на
светот. Ќе имате доволно време да ги фотографирате импресивните гранитни
карпести формации. Оваа 11-часовна обиколка на Пралин и La Digue, која
понекогаш тргнува од Ла Диг, е привлечна можност за посетителите да ги истражат
двата острови за еден ден. Оваа целодневна екскурзија вклучува двонасочен
трансфер со брод меѓу Махе и Прален.
Шести ден – 06.04.2021
Појадок.Возможност за целодневна екскурзија „Риф сафари” (Махе) со ручек со доплата од 102 евра/возрасен, 53 евра/дете од 2-11,99г;
Започнува со трансфер до марината во Викторија, се качувате на катамаран за пловење
до средината на пристаништето, каде што застанувате да ги храните рибите и да
нуркате меѓу нив. Ќе има многу време за морските ентузијасти да ги истражат
гребените, низ прозорците на подводниот дел на катамаранот, а за оние кои
сакаат да се одморат во водата и да пливаат. На бродот ќе има и вкусен
традиционален креолски ручек. По ручекот ќе го посетите островот Moyenne за
кратка попладневна дремка или пливање на островот. За совршен крај на денот на
бродот пред да се вратите на марината ќе ви послужат мал пунч со рум. Враќање
во хотелот. Минимум за реализирање: 12 лица
Седми ден – 07.04.2021
Појадок. Слободно време за
одмор помеѓу бесконечните песочни плажи со бел песок и кокосови ореви.
Осми ден – 08.04.2021
Појадок. Слободно време за
одмор помеѓу бесконечните песочни плажи со бел песок и кокосови ореви.
Деветти ден – 09.04.2021 Махе -Доха
Појадок. Ослободување на собите во 12ч. Слободно време до трансферот до аеродромот.
Полетување Махе – Доха во 18:10ч. Пристигнување во Доха во 22:40ч. Ноќевање во хотел со 4*.
Десетти ден –10.04.2021 Доха -Софија
Ран трансфер до аеродромот во Доха за лет до
Софија во 07:10 часот. Пристигнување во Софија во 11:25 часот.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА!
ХОТЕЛ
и ТИП СОБА
|
Пансион
|
По лице во DBL соба
|
Единична
соба
|
Возрасен на доп. легло
|
Дете
до 12 год. Сместено во соба со 2
возрасни
|
CORAL
STRAND 4*/ standard room
|
Појадок и вечера
|
1830
€
|
2340 €
|
N/A
|
Во повисока категорија соби / на
барање
|
SAVOY
RESORTS & SPA 5*/ Savoy standard room
|
Појадок и вечера
|
2335 €
|
3119 €
|
1710€
|
На барање
|
KEMPINSKI SEYCHELLES 5*/
hill view room
|
Појадок и вечера
|
2435 €
|
3311 €
|
N/A
|
1715 €
|