"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната.
Датум на Најавување во Хотел
|
Ноќ(и)
|
Возрасен/и
|
Дете
|
Години за Дете
|
Поаѓање
|
Пристигнување
|
Пристигнување - Аеродром
|
Датум на Пристигнување
|
Ноќ(и)
|
Возрасен/и
|
Дете
|
Години за Дете
|
Villa Elegant - Скијатос Лето 2025
На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој остров во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44km се раскошни плажи.
Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.
Villa Elegant се наоѓа во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Вилата располага со 11 студиа, за 2,3 или 4 лица на приземје прв и втор спрат и еден апартман за 4 лица на втор спрат.
Студио број 1,2,3 и 4 се наоѓаат на приземје.
Студио број 5,6,7 и 8 се наоѓаат на прв спрат.
Студио број 9,10, 11 и 12 се наоѓаат на трет спрат.
Вилата е оддалечена на 10-15 минути пешачење од градската плажа Megali Ammos.
Сместување
Студио број 1 нуди сместување за 2 лица.
Студио број 2 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети.
Студио број 3 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со 2 единечни кревети. Нема тераса.
Студио број 4 нуди сместување за 3 лица. Студиото располага со еден брачен кревет и еден кревет на извлекување.
Студио број 5 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).
Студио број 6 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 7 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 8 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Апартман број 9 нуди сместување за 4 лица. Апартманот располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во овој апартман може да се сместат 4 возрасни лица бидејќи има одвоена спална, и кревет на извлекување во кујна (или 2 возрасни и 2 деца).
Студио број 10 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 11 нуди сместување за 2 лица. Студиото располага со брачен кревет.
Студио број 12 нуди сместување за 4 лица. Студиото располага со брачен кревет и кревет на извлекување. Во ова студио може да се сместат 4 возрасни лица погодно за друштво (или 2 возрасни и 2 деца).
Цената вклучува:
-7 ноќевања – 8 дена во вила Elegant со вклучен појадок (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје - Волос - Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
Доплати:
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
–Трансфер Битола и Прилеп 10€ по лице во правец
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај сопствениците на вилите.
План и програна:
Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, поаѓање секоја среда навечер.
Првиот термин започнува од 29-ти мај, а последниот термин завршува на 2-ри октомври.
Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.
Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
Поаѓање за Македонија секој четврток.
ТЕРМИН |
РЕДОВНА ЦЕНА
ПО ЛИЦЕ |
22.05.2025-29.05.2025 |
180e |
29.05.2025-05.06.2025 |
220e |
05.06.2025-12.06.2025 |
270e |
12.06.2025-19.06.2025 |
310e |
19.06.2025-26.06.2025 |
365e |
26.06.2025-03.07.2025 |
425e |
03.07.2025-10.07.2025 |
455e |
10.07.2025-17.07.2025 |
455e |
17.07.2025-24.07.2025 |
455e |
24.07.2025-31.07.2025 |
455e |
31.07.2025-07.08.2025 |
455e |
07.08.2025-14.08.2025 |
455e |
14.08.2025-21.08.2025 |
455e |
21.08.2025-28.08.2025 |
400e |
28.08.2025-04.09.2025 |
|
04.09.2025-11.09.2025 |
260e |
11.09.2025-18.09.2025 |
200e |
18.09.2025-25.09.2025 |
190e |
25.09.2025-02.10.2025 |
190e |
Факултативни излети:
Kрстарење до Lalaria Beach и Островот Skopelos
Цена за пакет:
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.