Свети Јован Бигорски – манастир со исцелителна моќ
Вгнезден во пазувите на Бистра, покрај пенливата Радика, манастирот Свети Јован Бигорски, едно од најстарите и најпознати македонски православни светилишта, Македонскиот Ерусалим, го слави светиот Јован Крстител.
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август по стариот календар, односно на 11 септември. Овој празник е познат под различни имиња како:Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.
Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено ковчеже во кое се наоѓаат светите мошти на Свети Јован Крстител, а исто така се наоѓа и импозантна збирка на рачно пишувани ракописи кои се чувале низ вековите. Во него има уште многу свети работи, кои треба да ги погледнете во текот на вашата прошетка низ манастирот, кој ќе ви ја прочисти душата и телото.
Можноста да присуствувате на илјадатата величествена манастирска слава е нешто кое вечно ќе го паметите.
11.09.2020(петок) - Поаѓање од во договорено време и место. Во претпладневните часови пристигнуваме во манастирот Св. Јован Бигорски каде ќе присуствуваме на чествувањето на големиот празник, воедно и слава на манастирот, Отсекување на главата на Св. Јован Крстител . Враќање кон Струмица во доцните попладневни часови.
ЦЕНА : 750 ден за поаѓање од Струмица и Радовиш
ЦЕНА : 800 ден за поаѓање од Битоал и Прилеп
Во цената е вклучено:
- Посета на Св. Јован Бигорски
- Превоз на дадената релација
- Организација и водство од страна на агенцијата
Во цената не е вклучено:
- Индивидуални лични трошоци
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Организатор на патувањето е ДТУ Атлантис ДООЕЛ
- Во случај на недоволен број на пријавени патници (минимум 40 по дестинација), организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 2 дена пред датумот на започнување на истиот.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.