Париз I Велигден 2020

Париз

Име на сместување
Држава
Дестинација

ВЕЛИГДЕН ВО ПАРИЗ

18.04.2020 - 21.04.2020 

Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така...

ПРОГРАМА

1 ден (Сабота) | Скопје - Буве – Разглед на Париз

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:10 часот. Полетување за Париз во 06:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Beauvais во 09:05 часот. По пасошката и царинска контрола, започнува приказната за Париз со организиран панорамски разглед со локален водич.Ќе имаме можност да ги посетиме Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint GermainSorbonneLouvreChamps Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalidesConcorde BastilleRepubliqueVendomeTrocadero, Etoilе…Околу 14:00 часот следува сместување во хотел.Време за одмор и слободни активности ... Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чија што програма започнува во 23:00 часот или можност за прошетка низ познатата улица Пигал Ноќевање.

2 ден (Недела) | Версај - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена 

Појадок. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

3 ден (Понеделник) | Лувр - Монмартр - Сакре Кер 

Појадок. По појадокот предлагаме факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Слободно време а наш предлог е заеднички да се упатиме кон Монмартр, со метро, во придружба на нашиот пратител. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Слободно време за индивидуални активности. Враќање назад во хотел. Ноќевање.

4 ден (вторник) | Монмартр - Сакре Кер - Буве - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Трансфер до аеродром.Полетување за Скопје во 09:35 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12 :15 часот. 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 339 € (21.018 МКД) - РАСПРОДАДЕНО

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 379 € (23.498 МКД) 

ЦЕНA ПО ЛИЦЕ - 419 ЕВРА (25.978 МКД) – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Бове - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси - 3.720 денари;
  • Туристичка такса 1.88 € на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Патничко осигурување;
  • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро - 14.1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);

ДИЗНИЛЕНД: 

Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз - рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд. 

ФАКУЛТАТИВИ

Пакети:

  • Панорамски разглед и посета на Лувр - 57 €;
  • Версај, Ајфелова кула, крстарење по Сена - 89 € / 98 €;

Цени за уплата во агенција:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 25 €;
  • Посета на Версај - 60 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со рер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат - 22 €, до трет кат - 30 € (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 15 €;
  • Посета на Лувр - 37 € (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • Посета на Moulin Rouge - 115 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
  • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);

Цени за уплата на лице место:

  • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 30 €;
  • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат 25 €, до трет кат - 33 € (со лифт);
  • Крстарење со брод по Сена - 18 €;
  • Посета на Moulin Rouge - 125 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на клиентот, а програмата има реализација, уплатениот капар е неповратен.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 10.06.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 15.03.2019 и минимум пријавени патници за реализација: 16

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Сопствен Закуп - Лето 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk