Шопинг Тура во Рим 13.02- 16.02.2020

Рим

Име на сместување
Држава
Дестинација

 ШОПИНГ ВО РИM

13.02.2020 - 16.02.2020

4 дена / 3 ноќевања

Авионска програма ОД СКОПЈЕ

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОГРАМА 

1 ден (13.02.2020 - Четврток) | Скопје - Рим

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:20 часот. Полетување за Рим во 17:20 часот. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.

2 ден (14.02.2020 - Петок) | Рим (Разглед и шопинг )

Појадок во хотел. По појадокот e предвиден организиран факултативен панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Во консултација со водичот ќе бидете насочени по најпознатите шопинг улици во центарот на градот каде што ќе можете да уживате во пазарењето од најпозанатите светски брендови.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (15.02.2020 - Сабота ) | Shopping Village Castel Romano

Појадок во хотел. По појадокот организирана факултативна посета на Shopping Village Castel Romano (http://www.shoppingvillagecastelromano.com/). Шопинг селото Кастел Романо е идеална дестинација за шопинг и забава. Со над 50 продавници за облека за мажи, женска облека, чевли, додатоци за дома, технологија и многу повеќе ...Ќе можете да се опуштете во прекрасните вкусови на најразлични вкусови во делот за храна - од суши до хамбургери како и богата понуда на содржини за одмор и забава на целото семејство. Во договорено време , враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање

4 ден (16.02.2020 - Недела) | Рим - Скопје

Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности или заедничка посета на Колосеум (однадвор).Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 20:15 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 21:50 часот.  

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 189 € (11.718 мкд.) – за првите 4 места

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ – 239 € (14.818 мкд.)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси по лице - 3.720 денари;
  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Доплата за еднокреветна соба – 8.000 денари;
  • Туристичка такса - 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

ФАКУЛТАТИВИ

Цени за Факултативи:

  • Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич - 15 €;
  • Организирана посета со трансфер на Shopping Village Castel Romano -  €

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели - Зима 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk