Шопинг Тура во Чешка, Германија & Австрија 2020

Прага

Име на сместување
Држава
Дестинација

ШОПИНГ ВО ЧЕШКА, ГЕРМАНИЈА И АВСТРИЈА

13.02 - 17.02.2020 / 20.02 - 24.02.2020

(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

 ПРОГРАМА 

1 ден (Четврток) Скопје - Србија - Унгарија - Словачка

Состанок во Скопје во пладневните часови. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 

2 ден (Петок) Прага

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник - Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица. Сместување во хотел после 14:00 . Во договорено време заминување кон шопинг центарот ‘‘Fashion Arena Prague Outlet’’. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (Сабота) Прага- Дрезден (факултативно) - Прага

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ Прага или предлог целодневена факултативна посета на Дрезден каде што може да уживате во шопингот во повеќето шопинг центри кои ги нуди самиот град како: Altmarkt-Galerie, Kaufpark Dresden, Centrum Galerie, Elbepark и многу други. Враќање од Дрезден кон Прага. Ноќевање.

4 ден (Недела) Прага – шопинг центар Пандорф (Австрија) - Унгарија

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Австрија во 09:00 часот наутро. Пристигнување во ‘‘Parndorf’’ околу 16:00 часот. Слободно време за шопинг. Поаѓање кон Македонија околу 20:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности. 

5 ден (14.10.2019 - Понеделник) Србија - Скопје

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 15 МЕСТА – 111 €

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 121 €

можност за плаќање на рати !!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хотел во Прага - 2 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аражманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Прага со локален водич - 10 €;
  • Целодневна посета на Дрезден со локален водич - 30€;
  • Патничко осигурување;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до и минимум пријавени патници за реализација: 30

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели - Зима 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk