Шопинг Тура во Милано во Февруари 2020

Милано

Име на сместување
Држава
Дестинација

ШОПИНГ ВО МИЛАНО

14.02 - 17.02.2020

СО ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

Распостранет во рамнините на областa Ломбардија, Милано е втор по големина град во Италија, познат по уметноста, модата, шопинг и храна… Милано претставува светски центар на модата, која освен за шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Во Милано италијанските дизајнери ја демонстрираат својата креативност не само на подиумот, но и во отворањето ултрамодерни ресторани и барови како „Just Cavalli”, „Armani Nobu Bar”, „Trusardi”, „Gucci café”, „Bvlgari Hotels&Resorts”, „Dolce&Gabbana Restaurant”. Спојот помеѓу овие неверојатни знаменитости и гламурот кој се протега низ градот го прават Милано дестинација која МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!!

ПРОГРАМА

14.02.2020 (петок) Скопје – Милано

Состанок на групата во 10:20 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување кон Милано во 12:20 часот. Слетување во Милано, Малпенса во 14:35 часот, при што следува трансфер до хотел (55км). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки или во договор со представникот од агенцијата. Ноќевање.

15.02.2020 (сабота) Милано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно време за индивидуални активности. Во консултација со водичот ќе бидете насочени по најпознатите шопинг улици во центарот на градот каде што ќе можете да уживате во пазарењето од најпозанатите светски брендови.Враќање во хотел. Ноќевање.Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање.

16.02.2020 (недела) Милано – SerravalleDesignerOutlet

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативенa посета на Serravalle Designer Outlet (https://www.mcarthurglen.com/it/outlets/it/designer-outlet-serravalle/) . Serravalle Designer е првиот и најголем дизајнерски outlet во Италија. Градбата е инспирирана од класична италијанска архитектура. Уживајте во големиот број кафулиња и ресторани, детско игралиште, бесплатен паркинг и повеќе од 300 модни бреднови. Вашето шопинг искуство ќе биде незаборавно од иконски модни брендови како Prada, Burberry, Bulgari and Dolce & Gabbana до спортски марки како Nike and Slam, како и познатите брендови Guess and Desigual. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

17.02.2020 (понеделник)  Милано – Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активнисти до времето предвидено за трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување од Милано во 15:05 часот. Слетување во Скопје во 17:10 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  189 € - за првите 4 места

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  - 239 €

 Ограничен број на места! 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кг и максимални димензии (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3*  на услуга 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.100 ден (50€);
  • Туристичка такса 3 € на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Пешачки разглед на градот со локален водич – 15 € (билети за јавен превоз не се вклучени во цената)
  • Организирана посета на Serravalle Designer Outlet €
  • Патничко осигурување;
  • Билети јавен превоз.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патници;
  • За ова патување мора да поседувате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување на факултативите до 30 дена пред реализација и минимум 16 пријавени патници.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели - Зима 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk