Будимпешта во Јануари I 2020

Будимпешта

Име на сместување
Држава
Дестинација

БУДИМПЕШТА

23.01.2020 - 26.01.2020

(4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА

1 ден (23.01.2020 - четврток) | Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe, во 13:35 часот. Полетување кон Будимпешта во 15:35 часот. Слетување во Будимпешта во 17:00 часот. Организиран трасфер до хотелот и сместување. Слободно време или организирани прошетки со пратителот на групата. Ноќевање.

2 ден (24.01.2020 – петок ) | Будимпешта

Појадок во хотел. По појадокот следува пешачки разглед на градот, а по истиот и можност за факултативна посета на ЗОО во Будимпешта. Во вечерните часови слободно време за индивидуални прошетки или факултативна посета на ресторан со традиционална вечера со музичка програма – ЧАРДА. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (25.01.2020 - сабота) | Будимпешта - Szechenyi thermal bath

Појадок во хотел. По возбудливата ноќ Ви предлагаме можност за релаксација и опуштање во една од трите најпознати термални бањи во Будимпешта, Szechenyi thermal bath (факултативно). Лоцирана во близина на најпосетениот плоштад, плоштадот на Хероите, веднаш до најголемиот Градски Парк. Изградена во временскиот период помеѓу 1909 и 1913 година, во Нео - Барокен и Нео - Ренесансен стил, дизајн целосно креиран од страна на Győző Czigler. Оваа термална бања денес е една од најголемите туристички атракции во Будимпешта, каде во неа може да доживеете и поминете едно реласкирачко утро, забавно попладне или пак симпатична и романтична ноќ. Величественоста на Szechenyi thermal bath зборува доволно за истата. Овде може да уживате во извонредните медицински природни термални води со температури од 74 °C и 77 °C распоредени во 18 базени, од кој секако централно најголема атракција се трите надворешни базени, со три различни температури (базен во кој би можеле да пливате со температура од 27 °C, ‘’авантуристички’’ плиток базен со масажни млазници и температура од 33 °C и базен кој содржи минерални води со температура од 38 °C), како и 10 сауни, парни бањи, понуда на различни видови масажи, третмани на лице, но и многу повеќе. Слободно време за ноќна забава. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (26.03.2019 - Вторник) | Будимпешта - Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:40 часот. Пристигнување во Скопје во 15:00 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ОД 199 € (12.338 мкд.) – за првите 6 места

*вклучени аеродромски такси*

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8 килограми и максимални димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници за ЗОО - 18 €
  • Посета на Szechenyi thermal bath (влезнца и трансфер со јавен превоз) - 35 €;
  • Вечера во ресторан со традиционална музика – ЧАРДА (предјадење,главно јадење, десерт,2 пијачки и кафе )- 35 €;
  • Тикети за јавен трансфер
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

НАПОМЕНА: 

Сите факултативни излети се реализираат со јавен превоз.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.  

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели - Зима 2020



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk