Божиќен базар во Берлин 2019

Берлин

Име на сместување
Држава
Дестинација

БОЖИЌЕН БАЗАР во БЕРЛИН

14.12.2019 – 17.12.2019

 (4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

Главниот и најголемиот град во Германија Берлин, претставува прекрасна комбинација на богата историја, ноќен живот, архитектура и култура кој до денес прерасна во европска метропола. Истовремено познат како еден од најзелените градови во Европа, Берлин денес брои над 60% зелена површина составена од паркови и реки. Берлин е град кој заслужува да биде на Вашата листа на европски градови кои задолжително треба да се посетата!

1 ден (14.12.2019 - сабота) | Скопје - Берлин

Состанок на групата со претсатвник од АтлантиС во 17:25 часто на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетуваме кон Берлин во 19:25 часот со авиокомпанијата Wizz Air и број на лет W6 7739. Пристигнуваме во Берлин при што следува огранизиран трансфер до хотел. Ноќевање.

2 ден (15.12.2019 - недела) | Берлин

Појадок во хотел. Ден предвиден за индивидуални прошетки или во договор со претставникот од агенцијата. Наш предлог е посета на следните знаменитости: Меморијалната Црква, Европа-центарот, Новата национална галерија, Филхармонијата, плоштадот Потсдам, Sony центарот, плоштадот Александар плац, Градска куќа, ТВ кулата, Катедралата, Операта, Брандербуршката порта, Рајхстагот, остатоците од познатиот Берлински ѕид, Checkprint Charie e најпознатиот премин на Берлинскиот ѕид, а за многумина единствена можност за бегство од Источен во Западен Берлин. Во вечерните часови уживаме во прекрасните бои на божиќниот маркет, пропратен со вкусна храна и одлична забава. Можност за посета на Icebar (со доплата) за едно поинакво искуство, во бар создаден од 69 тони мраз. Се враќаме во хотел индивидуално или во договор со придружникот од агенцијата Ноќевање.

3 ден (16.12.2019 - понеделник) | Берлин

Појадок во хотел. Наш предлог за денес е посета на таканаречениот остров на музеи (Museum Island). Лоциран во срцето на Берлин на реката Спри (Spree), овој остров нуди 5 различни музеи, меѓу кои и Пергамон, во кој можете да уживате во непроценлива збирка на антиквитети. Слободно време за прошетка и дегустација на најразлични традиционални специјалитети кои ги нуди овогодишниот божиќен маркет. Шопинг на сувенири е неизбежниот дел на овој настан, пред да се вратиме во хотел или посетиме највисоката зграда во Берлин – TV Tower Berlin (со доплата), каде ќе го доживееме градот од височина, со прекрасен панорамски поглед во вечерните часови, кога градот свети во најразлични бои. Се враќаме во хотел индивидуално или во договор со придружникот на групата. Ноќевање.

4 ден (17.12.2019 - вторник) | Берлин - Скопје

Појадок во хотел. Се одјавуваме од хотелот и багажот го оставаме на безбедно место, во посебни простории на хотелот. Ова е последен ден за истражување на Берлин, а во договор придружникот на АтлантиС или индивидуално, предлагаме да прошетате низ страриот дел на градот. Последно кафе, пиво или вкусна храна, пред да заминеме кон аеродромот со организиран трансфер. Полетуваме кон Скопје во 22:25, а слетуваме во 00:40 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 195

*Ограничен број на места!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Берлин - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8 килограми и максимални димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Holiday Inn Express berlin City Centre West 3* (или сличен) - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси  - 3.100 мкд (50€);
  • Билети за јавен трансфер;
  • Влезница за Icebar (влезница + придружник од агенцијата) - 20€;
  • Влезница за TV Tower Berlin - 25€;
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко осигурување;


Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од важечка патна исправа;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени  патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.  

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

 

 

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk