Белград I Нова Година 2020

Белград

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА ВО БЕЛГРАД

30.12.2019 - 01.01.2020

1 ден (30.12.2019 - понеделник): Македонија – Белград

Тргнување од од Скопје во 02.00  и патување кон Белград со попатни паузи и пасошки и царински формалности на македонско – српската граница. Пристигање во Белград во предпладневните часови.Следи  панорамски разглед на градот со локален водич: црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло. По разгледот се сместуваме во хотел ... слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

2 ден (31.12.2019 – ворник): Белград

Појадок во хотел. После појадокот следува организирана посета на познатиот шопинг центар Ушче. Слободно време за прошетки или одмор за најлудата ноќ што предстои. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштад , со богата програма и настап на Саша Ковачевиќ. (организиран превоз за одење и враќање).Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (01.01.2020 - среда): Белград –Нови Сад - Македонија

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Факултативен излет за Нови Сад со кој се предвидува посета на Караѓоѓевата тврдина, каде се одржува познатиот музички фестивал – Егзит. Прошетка низ централното градско подрачје каде ќе може да го видите Соборниот храм „Св.Ѓорѓи“, Владичкиот двор, плоштадот Слобода, градското Собрани, Театарот,...  Слободно време за ручек или кафе и уживање во Новогодишниот амбиент. Во договорено време враќање назад кон Белград и се продолжува кон Македонија.Патување назад со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности на српско – македонската граница. Пристигање во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 89 € (5.518 мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Centar Balasevic 3* во Белград;
  • разглед  на Белград со локален водич;
  • водство и организација на програмата со придружник  од агенцијата.

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

  • факултативна вечера на Скадарлија
  • посета на Нови Сад – 10€ ( минимум 30 лица – пријавување при резервација на аранжманот)
  • туристичка такса – 1,5 Еур. од ден по патник (уплата во агенција);
  • Гала вечер за новогодишната ноќ во хотелот - 75€ по лице;
  • патничко осигурување  
  • влезници за културно-историските споменици

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk