Божиќен базар во Милано

Милано

Име на сместување
Држава
Дестинација

БОЖИЌЕН БАЗАР во МИЛАНО

06.12 -09.12.2019

СО ДИРЕКТЕН ЛЕТ ОД СКОПЈЕ

Секоја година Милано е домаќин на прекрасен Божиќен базар, со над 60 дрвени куќички околу прекрасниот Дуомо, посветен на традиционалните божиќни производи и украси. Празничен пазар кој со радост ја комбинира културата и традиција преку разновидната и со одличен квалитет храна, топлите ароматични пијалоци, рачно изработените украси, музиката и разнобојни светла. Не пропуштајте го Божиќниот базар во Милано !!!

ПРОГРАМА

06.12.2019 (петок) Скопје – Милано

Состанок на групата во 10:20 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Полетување кон Милано во 12:20 часот. Слетување во Милано, Малпенса во 14:35 часот, при што следува трансфер до хотел (55км). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки или во договор со представникот од агенцијата. Ноќевање.

07.12.2019 (сабота) Милано - Комо - Лугано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен излет со локален водич до монденското гратче Комо (52км). Одејки по малите улици низ Комо го разгледуваме стариот дел на градот и плоштадот Волта, катедралата во Комо – Дуомо. Овде се наоѓаат вилите на дел од познатите личности во светот, како Џорџ Клуни, Ероз Рамазоти и многу други. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за факултативно крстарење по езерото. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија кое лежи на брегот на езерото Лугано, под швајцарските Алпи. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ќе имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија - Parco Civico и монденската шопинг улица – Наса. Во предвечерните часови враќање назад во хотел. Ноќевање.

08.12.2019 (недела) Милано

Појадок во хотел. По појадокот следува факултативен пешачки разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига... Во доцните попладневни часови и палењето на Божиќните светла, се доловува величенствената предовогодишна атмосфера во центарот на градот. Слободно време и можност да се биде дел од Божиќниот базар, уживајќи во вкусна храна, топли пијалоци и голем избор на новогодишни украси. Индивидуално враќање во хотел.  Ноќевање

 

09.12.2019 (понеделник)  Милано – Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активнисти до времето предвидено за трансфер до аеродромот Малпенса. Полетување од Милано во 15:05 часот. Слетување во Скопје во 17:10 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 299€ (18,538 мкд)

ЦЕНА ЗА ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ - 359€ (22,258 мкд)

 Ограничен број на места! 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Милано Малпенса – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8кг и максимални димензии (40x30x20cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во Sesto Marelli Hotel 3*  на услуга 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси – 3.100 ден (50€);
  • Туристичка такса 3 € на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Пешачки разглед на градот со локален водич – 15 € (билети за јавен превоз не се вклучени во цената)
  • Посета на Комо и Лугано (трансфер+локален водич) – 55 €; (минимум 16 пријавени за реализација)
  • Патничко осигурување;
  • Билети јавен превоз.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од валидна патна исправа;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патници;
  • За ова патување мора да поседувате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување на факултативите до 30 дена пред реализација и минимум 16 пријавени патници.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk