Божиќен базар во Будимпешта

Будимпешта

Име на сместување
Држава
Дестинација

БОЖИЌЕН БАЗАР ВО БУДИМПЕШТА

20.12.2019 – 23.12.2019

 (4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

Бидете дел и истражете ги омилените Божиќни пазари во Будимпешта, особено што унгарскиот главен град е прогласен за најприфатлива дестинација за Божиќен базар од страна на British Daily Mail!Покрај најпознатиот празничен саем на плоштадот Vörösmarty Square градот нуди пазари организирани на повеќе локации каде се нудат уникатни занаетчиски производи, вкусна локална храна и пијалоци, одлични програмски содржини..

1 ден (20.12.2019 - петок) | Скопје - Будимпешта

Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe, во 13:05 часот. Полетување кон Будимпешта во 15:05 часот. Слетување во Будимпешта во 16:30 часот. Организиран трасфер до хотелот и сместување. Слободно време или организирани прошетки со пратителот на групата. Ноќевање.

2 ден (21.12.2019 - сабота) | Будимпешта

Појадок во хотел. По појадокот следува пешачки разглед на градот, а по истиот и можност за факултативна посета на ЗОО во Будимпешта. Во вечерните часови слободно време за да се доживее неповторливата Божиќна атмосфера на некој од многубројните плоштади во градот, во комбинација со скара, греано вино, традиционален гулаш и ред други специјалитети. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (22.12.2019 - недела) | Будимпешта - Szechenyi thermal bath

Појадок во хотел. По возбудливата ноќ Ви предлагаме можност за релаксација и опуштање во една од трите најпознати термални бањи во Будимпешта, Szechenyi thermal bath (факултативно). Лоцирана во близина на најпосетениот плоштад, плоштадот на Хероите, веднаш до најголемиот Градски Парк. Изградена во временскиот период помеѓу 1909 и 1913 година, во Нео - Барокен и Нео - Ренесансен стил, дизајн целосно креиран од страна на Győző Czigler. Оваа термална бања денес е една од најголемите туристички атракции во Будимпешта, каде во неа може да доживеете и поминете едно реласкирачко утро, забавно попладне или пак симпатична и романтична ноќ. Величественоста на Szechenyi thermal bath зборува доволно за истата. Овде може да уживате во извонредните медицински природни термални води со температури од 74 °C и 77 °C распоредени во 18 базени, од кој секако централно најголема атракција се трите надворешни базени, со три различни температури (базен во кој би можеле да пливате со температура од 27 °C, ‘’авантуристички’’ плиток базен со масажни млазници и температура од 33 °C и базен кој содржи минерални води со температура од 38 °C), како и 10 сауни, парни бањи, понуда на различни видови масажи, третмани на лице, но и многу повеќе. Слободно време за ноќна забава. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (23.12.2019 - понеделник) | Будимпешта - Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:15 часот. Пристигнување во Скопје во 14:35 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 199 € (12.338 мкд) 

Ограничен број на места!!

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Мала кабинска торба (РАНЕЦ/ТОРБА) до 8 килограми и максимални димензии 40x30x25 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во Hunguest Hotel Millenium - 3 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Трансфер аеродром - хотел – аеродром;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси  - 3.100 мкд (50€);
  • Влезници за ЗОО - 18 €
  • Посета на Szechenyi thermal bath (влезнца и трансфер со јавен превоз) - 35 €;
  • Тикети за јавен трансфер
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици;
  • Задолжително патничко - здравствено осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба;

НАПОМЕНА: 

Сите факултативни излети се реализираат со јавен превоз.

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и копија од важечка патна исправа;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.  

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk