Мистичниот Тунис


Име на сместување
Држава
Дестинација

Мистичниот Тунис

*All inclusive понуда од 299€

24.09.2019 01.10.2019

Програма ФОРТУНА 

1 ден (24.09.2019 вторник): Софија – Тунис Хаммамет

Средба со групата на аеродромот во Софија (терминал 1) за директен лет од Енфида-Хамамет со авиокомпанијата BH Air со број на лет BGH 2001. Полетување кон Тунис. Слетување на аеродромот во Тунис и средба со претставникот на партнер компанијата. Трансфер од аеродром до хотел и сместување во Hotel Fortuna Hammamet 3*. Вечера во хотел. Ноќевање.

2 ден (25.09.2019 среда)7 ден (01.10.2019 понеделник)

Појадок во хотел. Денови предвидени за плажа и индивидуални активности или можност за посета на дополнителни факултативни излети предложени од претставникот во Хамамет (уплата на лице место).

Вечера во хотел. Ноќевање

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 299€

Пакетната цена вклучува:

  • Авионски билет на релација Софија-Тунис-Софија;
  • Аеродромски такси;
  • Рачен (7кг) + чекиран багаж (20кг);
  • Организиран трансфер на релација Скопје-Софија-Скопје (при минимум 20 патници);
  • 7 ноќевања во хотел со 3*, на All Inclusive услуга (хотелот ќе биде објавен 24 часа после резервација);
  • Пречек во Тунис од страна на партнер компанијата во Тунис.

Пакетната цена НЕ вклучува:

  • Дополнителни факултативни излети;
  • Туристичка такса;
  • Такса за гориво – се објавува 21 ден пред летот од страна на авиокомпнијата (доколку дојде до промена на цената на горивата).

Информации за летот:

Авиокомпанија: BH Air

BGH2001: Софија – Енфида-Хамамет 15:30 – 15:50;

Авиокомпанија: BH Air

BGH2002: Енфида-Хамамет – Софиja 22:50 – 03:10;

Услови за резервација:

  1. Уплата на депозит од 50% при резервација;
  2. Доплата до 30 дена пред реализација на аранжманот.

Потребни документи:

  1. Комплетни податоци од пасош (име и презиме, дата на раѓање, број на пасош, датум на издавање/истекување на пасошот) – Приложување на агентот за продажба лично, при резервација!;
  2. Валиден пасош минимум 6 месеци од датумот на враќањето;
  3. За патување во Тунис за македонски државјани не е потребно претходно обезбедување на виза, како и санитарни и медицински барања.

*АтлантиС нема одговорност за добиени невалидни податоци!

Рокови за отказ од страна на корисникот на услугата:

  1. Отказ на аранжманот до 60 дена пред реализација – без надомест;
  2. Отказ на аранжманот од 60 до 30 дена пред реализација – 50% надомест;
  3. Отказ на аранжманот од 29 до 15 дена пред реализација – 75% надомест;
  4. Отказ на аранжманот во период помалку од 15 дена пред реализација – 100%.

Важнo!

Агенцијата има право на промена на цената на аранжманот, доколку дојде до промена на:

  1. Трошоците за транспорт (такси за гориво, аеродромски такси..);
  2. Доколку не се исполни минималниот број за организиран трансфер на релација Скопје-Софија-Скопје;
  3. Промена на повеќе од 3% на курсната валута во периодот на склучување на договорот за патувањето;
  4. Зголемување на цената од страна на локалните партнери во Тунис,
  5. Промена на цената на горивото на во авио превозот;
  6. Други непредвидени случаи

Забелешки

  1. Авиокомпанијата има право на промена на сатниците на летовите;
  2. Агенцијата нема одговорност при промена на сатниците во локалните музеи и објекти од историска вредност, како и при промена на цената на влезниците во истите;
  3. Агенцијата има право на промена на редоследот на програмата;
  4. Минимален број на патници за реализиација: 20
  5. Програмата не се препорачува за лица со ограничена подвижност;
  6. Некои од факултативните излети кои се уплаќаат на лице место се реализираат согласно остварен минимум пријавени патници, при што возможна е промена на на истите, како и откажување доколку нема услови за нивна реализација (метеоролошки или други непредвидени услови).

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk