Израел & Јордан I Нова Година 2020

Israel

Име на сместување
Држава
Дестинација

Лулката на Христијанството и мистичната Петра

 Нова Година во ИЗРАЕЛ И ЈОРДАН 

Авионски превоз од Скопје со вклучени аеродромски такси + хотели со појадок и вечера + трансфери + гранични такси + екскурзии + претставник од АтлантиС 

28.12.2019 - 03.01.2020

7 ДЕНА / 5 НОЌЕВАЊА

Гранд ТОТАЛ ЦЕНА - БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ!

ПРОГРАМА

1 ден - 28.12.2019 (сабота) | Скопје - Истанбул - Тел Авив - Хаифа

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:20 часот и полетување кон Истанбул во 09:20 часот. Слетување на аеродромот Ататрук во Истанбул во 11:55 часот и полетување кон Тел Авив во 13:30 часот. Слетување на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во 15:40 часот. Трансфер до хотел во градот Хаифа. Сместување во хотел Satori Hotel Haifa (или сличен). Вечера во хотел. Ноќевање

2 ден - 29.12.2019 (недела) | Хаифа - Назарет - Граничен премин Шеик Хусеин - Јордан

Појадок во хотел. По појадокот е предвиден трансфер со автобус до градот Назарет (Nazareth) - местото каде што Исус ги поминувал деновите во своето детство. Посета на куќата на Јосиф и разглед на Црквата на Благовештението (Church of the Annunciation). Патувањето продолжува кон Капернаум (Capernaum) кој претставува центар на дејноста на Исус Христос. Тука се наоѓаат остатоците од античката синагога и урнатините на куќата на Св. Апостол Петар. Заминување кон Табха (Tabhga), местото на "Чудото со умножувањето на рибите и лебот" и можност да го погледнете мозаикот од византиската базилика која датира од 5-от век. Се упатуваме кон граничниот премин Шеик Хусеин (Sheikh Hussein Border) преминувајќи ја границата од Израел во Јордан. Следува посета на градот Џераш (Jerash), како и панорамски разглед на градот Аман. По разгледот следува трансфер и сместување во хотелот Sadeen Hotel Amman (или сличен). Вечера во хотел. Ноќевање.

3 ден - 30.12.2019 (понеделник) | Аман - Петра

Појадок во хотел. По појадокот се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон целодневна ексурзија до „Изгубениот град” Петра (Petra), познат уште како “град црвен како роза и стар колку што е стар светот”, престолнината на Набатејците - избрана како едно од новите седум Светски чуда (2007 година). Започнуваме незаборавно патување јавајќи коњ, па потоа пеш низ кањонот додека стигнеме до Трезорот (The Treasury Petra). Ќе уживаме во кратката историја на градот раскажана од локалниот водич, кој претставува најголема туристичка атракција на Блискиот Исток. Овде, Набатејците својот главен град (Петра) го формирале во карпите на околните планини. Градот е лоциран во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Розево-црвеникавиот град Петра бил најпросперитетен и важен премин на некогашните трговски патишта, обиколен од високи планини и пристап преку тесни патеки. Неговите впечатливи згради, кои се издлабени во карпи, се зачувани и недопрени. Ќе имаме можност да ги разгледаме Каснех ал-Фарун Трезорот (Al-Khazneh, The Treasury), многубројните скалести гробници, Pharaoh's Castle, Амфитеатарот, Триумфалната капија, карденот со колонадите, манастирот. По завршување на разгледот, се упатуваме он хотелот La Maison Hotel Petra во Петра. Сместување во хотел и вечера. Ноќевање.

4 ден - 31.12.2019 (вторник) | Аман - Мостот Аленби - Витлеем

Појадок во хотел. По појадокот се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон градот Мадаба (Madaba) и планината Небо (mount Nebo), највисока во опсегот Моабит, кој бил центар за аџилак од најраните христијански времиња. Библискиот град Мадаба е познат по најдобрите  византиски мозаици во светот, вклучувајќи го и познатиот мозаик - Картата на Мадаба кој датира од 6-от век и претставува мозаик од два милиони обоени камчиња на кој е прикажана мапа на „Светата Земја“, лоциран во црквата Св. Ѓорѓија. Се упатуваме кон граничниот премин Аленби и преминување на границата од Јордан кон Израел. Заминуваме кон Каср ал Јахуд (Qasr al-Yahud) –  брегот на реката Јордан или местото на крштевањето на Исус од страна Јован Крстител. Се упатуваме кон бреговите на Мртвото Море, место со најниската надморска височина во светот. Овде ќе имаме можност уживаме и пливаме во водите на Мртвото Море, како и да ја почустуваме калта богата со минерали за која многумина тврдат дека истата има терапевтски ефекти. Заминуваме кон градот Витлеем (Bethlehem). Сместување во хотел Paradise Hotel Bethlehem во Витлеем. Вечера во хотел. Ноќевање.

5 ден - 01.01.2020 (среда) | Ерусалим - Стариот град

Појадок во хотел. По појадокот заминуваме кон Маслиновата планина (Маслинова Гора - Mount of Olives) уживајќи во панорамскиот  поглед на градот.  Продолжуваме кон брдото Зион (градот на Давид), посетувајќи го гробот на кралот Давид, собата на Тајната Вечера и Црквата Успение на Пресвета Богородица (Abbey of the Dormition). Пешачки разглед на Стариот град на Ерусалим: ќе поминеме низ ерменските и еврејските населби до неодамна ископаниот и обновен Кардо, Римскиот пат. Посета на Ѕидот на плачот или Западниот ѕид (The Kotel), единствената структура која е останата од Ерусалимскиот Храм на Соломон, и продолжуваме кон Христијанската населба. Продолжуваме кон Виа Долороса – Патот на болката (Патот на солзите - лат. Via Dolorosa), улицата по која во древниот Ерусалим Исус Христос минувал со крстот до местото на распнувањето – ридот Голгота или Калварија. Посета на Базиликата на Светиот Гроб (The Church of the Holy Sepulchre), наречена и Црква на Воскресението - најсветото место за Христијанскиот свет, каде Исус е распнат, погребан и од каде што воскреснал. Враќање во хотелот во Витлеем. Вечера во хотел. Ноќевање.

6 ден - 02.01.2020 (четврток) | Ерусалим Новиот град - Витлеем

Појадок во хотел. По појадокот се одјавуваме од хотелот и заминуваме со автобус кон Еин Керем (Ein Karem), родното место на Св. Јован Крстител при што ќе ја посетиме Црквата на Дева Марија (Church of Visitation). Продолжуваме кон Јад Вашем (Yad Vashem) или меморијалниот центар на евреите кои биле погубени во Холокаустот. Следи кратка посета на Израелскиот музеј (Israel Museum), кој се смета за еден од водечките уметнички и археолошки музеи во светот, познат по големата збирка експонати на библиската археологија. Едно од последните дополнувања на музејот е моделот на Ерусалим од времето на Вториот храм, пред 66-та година. Продолжуваме кон Витлеем, родното место на Исус Христос и посета на базиликата ,,Рождеството Христово’’ (Church of Nativity), која е изградена во чест на тој настан и претставува најголема знаменитост на градот. Трансфер кон аеродромот “Бен Гурион” во Тел Авив.

7 ден - 03.01.2019 (вторник) | Тел Авив - Скопјe

Полетување од Тел Авив кон Истанбул во 00:55 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 03:05 часот локално време. Полетување од Истанбул кон Скопје во 07:50 часот и слетување на аеродромот во Скопје во 08:25 часот. 

ЦЕНОВНИК

Датум на патувањеВозрасен во двокреветна собаТрет возрасен во двокреветна соба
Дете од 02-10,99
Еднокреветна соба
28.12-03.01.20201369€1319€1300€1499€

***можност за плаќање на 12 или 24 месечни рати со 0% камата***

Цената на аранжманот вклучува:

  • Авионски билет Скопје - Истанбул - Тел Авив - Истанбул - Скопје;
  • Рачен багаж до 7кг;
  • Чекиран багаж до 30кг; 
  • Аеродромски такси;
  • Гранични такси;
  • Бакшиши за водичи и шофери за цело патување;
  • 1 ноќевањe со појадок и вечера во Хаифа, хотел Satori Hotel Haifa (или сличен);
  • 1 ноќевањe со појадок и вечера во Аман, хотел во Sadeen Hotel Amman (или сличен);
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра, хотел La Maison Hotel Petra (или сличен)
  • 2 ноќевања со појадок и вечера во Витлеем, хотел Paradise Hotel Bethlehem (или сличен);
  • Сите трансфери со високо квалитетно туристички автобуси (опремени со безжичен интернет) за време на патувањето, според програмата;
  • Сите екскурзии во програмата;
  • Влезни билети за објекти во програмата;
  • Сертификат за аџилак;
  • Претсавник кој ја придружува групата за време на целиот престој

Цената на аранжманот НЕ вклучува:

  • Сите оброци кои не се споменати во програмата;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување - задолжително (информации во агенција)

Распоред за летови:

TK1004  28DEC  SKPIST     0905 1245  

TK 836   28DEC  ISTTLV     1555 1705  

TK 791   03JAN   TLVIST     0100 0420  

TK1003  03JAN   ISTSKP    0830 0810

Услови за резервација:

  • Депозит 50 % (неповратен во случај на отказ од страна на корисникот на услугата)
  • Патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на реализација;
  • Доплата на аранжманот најдоцна 30 дена пред релизација.

Минимален број на туристи за реализација на аранжманот: 20 патници.

Рок за известување за отказ при недоволен број патници: 7 дена пред датумот на реализација.

Потребни документи: 

  • Патна исправа;
  • Не е потребна виза;
  • Не се потребни санитарни и медицински потврди.

Услови за откажување на аранжманот:

  • До 40 дена пред поаѓање – се задржува 70% од вкупната цена на аранжманот;
  • Од 39 до 15 дена пред поаѓање – се задржува 100% од вкупната цена на аранжманот.

Напомена:

Пакетната цена е пресметена по курс 1 USD = 52,3 ден. При промена на  девизниот курс со повеќе од 5% во периодот до почетокот на туристичкото патување, агенцијата го задржува правото за промена на цената на аранжманот, согласно промената на девизниот курс.

За ова патување важат општите услови на СКТМ и АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk