Лутраки I Нова Година 2020

Лутраки

Име на сместување
Држава
Дестинација

НОВА ГОДИНА во ЛУТРАКИ, ГРЦИЈА 

ЛУТРАКИ - мало туристичко место со околу 2000 жители кое се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

ПРОГРАМA 

1 ден (30.12.2019 - понеделник) | Скопје / Струмица - Лутраки

Тргнување од Скопје/Струмица во раните утрински часови,.Патување кон граничниот премин со Грција каде што после царинските формалности се упатуваме кон Лутраки. Попатна пауза во маркет Лидл (доколку е работи), продолзуваме понатау кон Лутраки. Пристигнување во Лутраки и сместување во апартмани (A категорија), кои се опремени со парно греење, сопствено купатило,ТВ и кујна. Слободно време. Ноќевање.

2 ден (31.12.2019 - вторник) | Лутраки

Посета на минералните бањи, можност за уживање во топлите минерални води на отворените и затворените базени.Слободно време. Вечерта, Новогодишна вечера во најпознатиот ресторан во цела област “KALOFAGAS” кај газда Митре, надалеку познат по приготвувањето на јагнешки специјалитети под
вршник. Ноќевање.  

3 ден (01.01.2020 - среда) | Лутраки - Воден - Струмица - Скопје

Во договореното време поагање кон Воден. Пристигнување во Воден - градот на водопадите и прекрасните градини познати во цела Грција. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина. Слободно време за разглед на паркот и водопадите како и за гиро и фрапе во некој од многуте ресторани. Во попладневните часови враќање кон Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  5.990 МКД

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус;
  • Новогодишна Вечера кај газда Митре;
  • 2 ноќевања во апартмани “А” категорија;
  • Водство и реализација на програмата со придружник од агенцијата; 

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

  • Патничко осигурување  

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Сезони



Награди и признанија


1. Благодарница од Qatar Airways за континуирана поддршка за 2018/2019 година
2.Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија 2018 год.
3. Награда за најуспешна агенција за продажба доделена од страна на Qatar Airways,2018 год.
4. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2017 год.
5. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Аутгоинг туристичка агенција,Македонија, 2016 год.
6. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија, 2015 год.

7. Топ 100 ВИП локации во Источна Европа од Western Union, 2015 год.
8. Награда за 20 години постоење и значителен придонес во туризмот од Општина Струмица, 2015 год.
9. Благодарност и најдобро партнерство во Република Македонија доделен од страна на Turkish Airlines,2014 год.
10. Најуспешна туристичка агенција во Македонија од Министерството за Економија, Македонија,2012 год.
11. Изворедна поддршка и посебна соработка со Turkish Airlines, 2012 год.



Let's socialize




© 2015
All Rights Reserved


Хотели и Апартмани - Лето 2019

Тури



Корисничка поддршка
+389 2 3 22 99 22
marketing@atlantis.com.mk